5 причини зошто не треба да ги објавувате вашите цели и успеси на социјалните мрежи

5 причини зошто не треба да ги објавувате вашите цели и успеси на социјалните мрежи

Живееме во свет каде што владеат социјалните мрежи и понекогаш чувствуваме притисок да се натпреваруваме со нашите пријатели и да објавуваме сѐ што е поврзано со нашите успеси. Потоа, кога нема да се случи она што сме го планирале или едноставно ќе се премислиме, чувствуваме должност на сите да им дадеме соодветно објаснување. Животот е доволно тежок сам по себе и не треба дополнително да си го комплицираме. Ова се 5-те причини зошто треба добро да размислите пред да ги објавите вашите успеси на социјалните мрежи…

5 причини зошто не треба да ги објавувате вашите цели и успеси на социјалните мрежи

1. Понекогаш нештата не одат по планот

Сте биле на интервју за работа и сите прашања сте ги одговориле совршено, сте ги воодушевиле работодавците со вашите креативни идеи, па дури и сте преговарале за платата што ќе ја добивате. Нормално е тоа што одвај чекате да им кажете на вашите пријатели и семејство за успехот што сте го постигнале. Но, потоа сте го добиле оној озлогласен мејл што почнува со зборовите „За жал, во моментов мислиме дека не одговарате за оваа работна позиција.“

Доволно тешко е тоа што ве одбиле, па уште треба и да им објаснувате на сите луѓе околу вас зошто не сте ја добиле работата за која сте се пофалиле дека со сигурност ќе ви припадне токму вам. Ако не можете да се справите со објаснувањата за вашите неуспеси, најдобро е да молчите додека успехот не ви биде загарантиран.

2. Ќе мора да одговарате на милион прашања

Ако објавите некоја голема вест на социјалните мрежи, очекувајте прашања од типот „Кога ќе се преселиш?“, „Кога ќе започнеш со новата работа?“, „Кој е датумот на венчавката?“. Прашањата што почнуваат со „кога“ ќе ве излудат и ќе посакате целосно да исчезнете од социјалните мрежи, додека не решите кога овие ваши цели навистина ќе се реализираат. Иако луѓето мислат дека ви помагаат со тоа што ве форсираат да одредите точна дата, тие само дополнително ја зголемуваат вашата анксиозност. Најдобро е да си ја држите устата затворена, додека не ги добиете сите одговори на овие прашања што почнуваат со „кога“.

5 причини зошто не треба да ги објавувате вашите цели и успеси на социјалните мрежи

3. Критиките само ќе ви пренесат негативна енергија

Зависта е најлошата човечка особина. Не бидете изненадени доколку некои од вашите пријатели на Фејсбук не ви посакуваат сѐ најдобро. На некои луѓе ќе им падне многу тешко тоа што сте поуспешни од нив. Тие ќе се обидат да ве обесхрабрат, ќе ве натераат да се посомневате во вашите способности и ќе ви пренесат негативна енергија. Откривајте ги вашите цели само на луѓето кои ќе ви помогнат да ги достигнете.

4. Конкуренцијата ќе ви ги украде идеите

Во секоја професија постои конкуренција. Го знаете она чувство кога ќе кажете шега, но некој друг ќе ја каже истата шега погласно и сите присутни во просторијата ќе прснат од смеење? Или чувството кога некому ќе кажете некоја од вашите идеи и потоа истата личност ќе почне да прави нешто слично? Заштитувајте си ги идеите. Ќе бидете многу бесни ако видите како некој успева благодарение на вашата визија.

5. Не мора сите да знаат сѐ за вас

Само затоа што не сте го објавиле успехот на социјалните мрежи не значи дека не е вистински. Некои достигнувања треба да си ги задржите за себе. Не мора да споделите со сите дека сте добиле унапредување на работа, дека сте имале успешна презентација или дека сте ослабеле 3 килограми за една недела. Вашите успеси не се помалку вредни доколку вие сте единствените што знаат за нив. Мора да го вреднувате вашиот напредок дури и тогаш кога нема кој да ве пофали со лајкови и коментари. Не мора ништо да докажувате никому. Радувајте се сами и тивко продолжете понатаму.

Во продолжение прочитајте и како влијаат социјалните мрежи на човековата психа и колку сме всушност осамени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар