Најдобрата врска во вашиот живот ќе биде онаа со девојка која била повредена

Таа била повредена, но преживеала, станала посилна и сега се обидува да живее со полни гради, бидејќи знае да го цени животот. Кога ќе дознаете сѐ за неа, ќе дознаете и колку е големо нејзиното срце, само што сега, таа е внимателна и нејзината љубов никогаш нема да биде иста како порано. Прочитајте зошто најдобрата врска во вашиот живот ќе биде онаа со девојка која била повредена…

Најдобрата врска во вашиот живот ќе биде онаа со девојка која била повредена

Има почувствувано болка и нема да дозволи и вие да поминете низ истото

Сите тие манипулативни, нарцисоидни и неискрени идиоти многу ја имаат повредено. Таа знае какво е чувството кога некој ви „пушта водичка“, ве лаже во очи и ја злоупотребува вашата добрина. Токму затоа, таа никогаш нема да му ја предизвика истата болка некому. Таа нема да ви дава знаци, сѐ додека не биде сигурна дека вашите чувства кон неа се искрени. Девојката која поминала низ толку многу работи може да ви ја даде сета среќа што ја заслужувате, доколку и вие го сторите истото за неа.

Не ѝ се важни вашите грешки

Нејзе нема да ѝ значат грешките што сте ги направиле пред да се сретнете. Ако имате спомени на кои не сакате да се присетувате, таа нема да инсистира да ги споделите со неа, бидејќи знае колку болно може да биде минатото. Ќе можете да бидете ранливи покрај неа, бидејќи таа никогаш нема да ја злоупотреби вашата љубов. Без разлика какво минато сте имале, тоа нема да влијае на нејзината љубов. Таа е како нежна самовила што ќе ви донесе радост и убавина во животот.

Никогаш нема да се преправа дека се грижи само за да добие нешто од вас

Таа нема да ви каже дека се грижи за вас само за да ве искористи. Напротив, таа многу претпазливо ќе се препушти на врската, бидејќи нема да сака повторно да биде повредена. Таа не сака да ве повреди и ќе направи сѐ што може за да ви донесе среќа. Ако ви каже дека сака да започне сериозна врска со вас, можете да бидете сигурни во нејзината посветеност, бидејќи таа никогаш не би се врзала за човек кого не го сака вистински.

Најдобрата врска во вашиот живот ќе биде онаа со девојка која била повредена

Ќе ве прифати такви какви што сте

Никој од нас не е совршен. Сите имаме недостатоци, а девојката која била повредена е свесна за тоа. Таа ќе ве прифати такви какви што сте, со сите добри, лоши и ужасни работи и ќе ве сака поради нив. Нема да бара од вас да се смените. Таа ќе презема одговорност за сите нејзини постапки, а истото ќе го очекува и од вас. Секогаш можете да сметате на нејзината целосна праведност. Можете за сѐ да разговарате со неа, бидејќи таа ќе даде сѐ од себе за да ве разбере и нема да донесува избрзани заклучоци.

Таа ќе ви биде најголема поддршка

Таа има поминато низ многу потешкотии, па затоа многу добро знае како се чувствуваат луѓето кога се соочуваат со сериозни проблеми. Таа има доволно сила за обајцата. Не мислете дека ја принудувате да остане силна. Таа го прави тоа затоа што навистина сака да биде тука за вас. Кога ќе бидете тажни, таа ќе стори сѐ што е потребно за да ве насмее и потсети дека ќе биде подобро. Таа ќе биде не само ваша љубовница, туку и ваша пријателка која ве разбира и се грижи за вас.

Ќе ве опсипува со добрина

Таа никогаш нема да се обиде да си игра или да манипулира со вас. Таа ќе има најдобри намери и затоа никогаш не смеете да ја изгубите. Нејзиното искуство и болката ќе ја натераат да се погрижи дека вие никогаш нема да морате да поминувате низ истото. Никогаш нема да чуете остри зборови од неа. Таа не сака да стане како луѓето кои ја повредиле, па затоа ќе размисли 2 пати пред да каже нешто. Нејзината цел е да ги прави среќни сите луѓе кои ѝ дозволуваат на нејзината светлина да блеска силно како сонцето.

Нејзиното срце е поголемо одошто мислите

Нејзините поранешни партнери ужасно се однесувале со неа, но таа не дозволила тоа да влијае на нејзината способност за љубење. Сите нејзините претходни искуства само ѝ помогнале да сфати дека следната врска треба да биде прекрасна, полна со љубов, убавини и среќа. Оваа девојка е свесна колку вреди и што може да донесе во врската која ќе одлучи да ја започне. Таа е подготвена да си замине доколку нештата тргнат наопаку и доколку не го добива она што го заслужува. Но, и покрај тоа, таа бара вистинска љубов и секогаш се надева на најдоброто. Нејзиното срце можеби е нежно, но чука посилно и побрзо од срцата на многумина и таа со нетрпение чека да го запознае човекот кој ќе ја одведе на следната голема авантура.

Во продолжение прочитајте и што треба да запаметите пред да почнете врска со девојка која била изневерена.


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар