Кои ќе бидат најголемите невестински трендови за 2018 година?

Дури и да не сте венчани, сигурно можете да ја замислите возбудата на невестата кога треба да одбере фустан. Тул, чипка, слоеви… навистина е тешко да се одбере само една венчаница. Невестинските трендови доаѓаат и си одат, па ако оваа година планирате да правите свадба, погледнете што ќе биде во мода.

1. Романтична наметка

koi-kje-bidat-najgolemite-nevestinski-trendovi-za-2018-godina

Стотици дизајнери создаваат прекрасни наметки кои одговараат со речиси секоја венчаница. Овој винтиџ изглед е дефиниција за романтично и му додава навистина интересен елемент на невестинскиот изглед. Изборот е навистина огромен.

2. Елегантни долги фустани

Кои ќе бидат најголемите невестински трендови за 2018 година?

Еден од најголемите невестински трендови годинава речиси сигурно ќе бидат елегантните свилени фустани. Кога станува збор за деколтето, колку поотворено толку подобро. Овој изглед е едноставен, но може да се надополни со вел и венчиња.

3. Гламурозни панделки

Кои ќе бидат најголемите невестински трендови за 2018 година?

Панделките се класика кога станува збор за венчаници. Без разлика дали ќе одберете голема панделка на грбот или некоја помала, тие секогаш изгледаат одлично.

4. Големи украси за глава

Кои ќе бидат најголемите невестински трендови за 2018 година?

Најдобар начин да го зачините вашиот изглед е да додадете впечатлив украс на главата. Помеѓу златните дезени со ливчиња и сребрените венчиња со кристали, постојат украси за секоја венчаница.

5. Нешто сино

Кои ќе бидат најголемите невестински трендови за 2018 година?

Пред неколку години сите беа опседнати со црвенкастите венчаници. Но, во 2018-та популарни се сините ретро венчаници. Сината боја може да се ублажи со чипка.

6. Ракавици

Кои ќе бидат најголемите невестински трендови за 2018 година?

Можеби мислите дека ракавиците се изглед од 50-тите, но се враќаат и оваа година. Проѕирните ракавици со детали од чипка се одличен избор.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар