Што треба да запаметите пред да почнете врска со девојка која била изневерена?

Што треба да запаметите пред да почнете врска со девојка која била изневерена?

Луѓето кои биле изневерени во минатото, многу тешко влегуваат во нова врска од страв повторно да не бидат повредени. Дури и откако ќе решат да започнат врска, им треба многу долго време за да стекнат доверба и сигурност во нивниот партнер. Голема е веројатноста дека постојано ќе ве испрашуваат и ќе се сомневаат во вашата верност и разбирливо е дека ќе чувствувате голем притисок. Меѓутоа, доколку личноста навистина ви значи, најважно е да останете трпеливи. Да се биде изневерен е навистина трауматично искуство кое остава долготрајни лузни и последици. Во ваква ситуација треба да покажете разбирање и да ги имате предвид следниве работи…

Што треба да запаметите пред да почнете врска со девојка која била изневерена?

Комуникацијата е најважна

Единствениот начин на кој би можеле да изградите здрава врска со неа е да покажете дека нема да криете работи од неа и да ја лажете. Нејзиниот инстинкт ќе ја натера да стави ѕид пред себе за да се заштити. Затоа, вие треба да разговарате со неа за сè што планирате да правите и да ја вклучите во секоја ваша одлука и ќе видите како полека ќе почне да ви се отвора. Можеби, ќе ви биде потребно подолго време, но верувајте дека таа засекогаш ќе ви биде благодарна.

Довербата не е право, туку привилегија

Факт е дека таа нема да почне да ви верува веднаш. И не смеете да се навредите поради тоа. Кога еднаш сте изгубиле доверба, не сакате веднаш да почнете да верувате секому. За да се изгради доверба потребно е време, но евентуално ќе стигнете до таму.

Не смеете да ја нарекувате параноична или луда

Откако еднаш сте биле изневерени, во вас се раѓаат стравови од кои навистина е тешко човек да се ослободи и да ги заборави. Ќе има моменти кога тие ќе излегуваат на виделина, и тоа нема да ви биде баш интересно. Но, ако ги обезвреднувате нема да направите да исчезнат, туку само ќе ги влошите. Доколку не ги сфатите сериозно нејзините стравови и ја натерате да се чувствува глупаво што ги има, тоа само уште повеќе ќе ја загрижи и ќе предизвика да се затвори во себе. Дури и кога нејзиното однесување е нерационално и неправедно, сослушајте ја. Направете да се чувствува сигурно покрај вас.

Кога ќе почне да зборува за она што се случило, тоа е знак дека ѝ станува подобро

Најверојатно ѝ е многу тешко да зборува за нејзиното минато, затоа што на тој начин таа одново ги преживува тие ужасни моменти од животот. Ако почне да ви зборува за нив, тоа значи дека ви верува и тоа е знак дека не ѝ е толку болно да се сеќава на тој период. Тоа е знак дека духовите од минатото повеќе не ја прогонуваат.

Срамно е да се признае дека сте биле изневерени, затоа бидете чувствителни

Во моментот кога дознавате дека сте биле изневерени, се чувствувате засрамено, измамено, скршено и уништено. Тоа што таа мора да признае дека се чувствува така, дека ја почувствувала таа болка во животот, е ужасно тешко. Сигурно многу размислувала за тоа дали направила нешто погрешно или што можела да направи поинаку. Кога ќе ви се отвори за тоа, мора да покажете почит спрема таа болка. Многу е важно да ѝ помогнете да заздрави.

Мора да ги почитувате нејзините граници и стравови

Можеби ќе треба подетално да објасните зошто сте сè уште во контакт со вашата поранешна девојка или да ја уверувате зошто не сте одговориле веднаш на пораката. Таа ќе ги има овие стравови и ваша одговорност е да ги олесните. Нема да постојат засекогаш.

Што треба да запаметите пред да почнете врска со девојка која била изневерена?

Таа не ве споредува со никого од минатото туку се надева дека сте поразлични

Стереотипот што постои дека девојките кои биле изневерени постојано ги споредуваат луѓето со нивниот поранешен партнер, не е целосно точен. Таа најверојатно се подготвува психички дека повторно ќе биде повредена како одбранбен механизам. Но, длабоко во себе таа само се надева дека нема да ја повредите и ќе ѝ докажете дека греши.

Но, секогаш ќе постои дел од неа кој ќе ја тера да се споредува себеси со други луѓе

Многу често таа веројатно се споредува себеси со други луѓе. Што треба да направи за да биде повеќе како нив, што е тоа што тие го имаат, а таа го нема? Ова постојано споредување навистина исцрпува. Но, таа не може да си помогне. Затоа, треба да ѝ покажете дека таа е посебна. Уверете ја дека е прекрасна таква каква што е и нема потреба да се обидува да биде како некој друг.

Треба да ја уверите дека нема да ја напуштите

Таа веројатно постојано стравува дека ќе ве изгуби, дека без разлика што прави, како се однесува и каква е, еден ден ќе ја оставите. Коренот на ова верување потекнува од стравот дека таа не е доволно добра. Затоа, кажете ѝ дека е. Докажете ѝ дека не одите никаде. И потоа навистина направете го тоа.

Веројатно се обвинува себеси за секоја ситница

Секогаш кога се карате, таа веројатно размислува во себе како сè тоа е нејзина вина. Сигурно си има кажано себеси дека мора да стигне до некое недостижно ниво на совршеност за да ве задржи. Ова навистина исцрпува.

Ако се налутите за тоа што некој ѝ го направил ќе биде поласкана, но тоа не е многу продуктивно

Кога ќе ви каже што се случило во нејзината претходна врска и вие се налутите поради тоа, може да изгледа слатко бидејќи вашиот инстинкт ви кажува да ја заштитите. Но, оваа лутина не помага многу. Повеќе ќе помогнете ако размислите како да продолжите понатаму. Како да ѝ покажете и докажете дека она што се случило во минатото, не влијае на иднината. Дека тоа не е повеќе важно.

Некое време таа постојано ќе очекува дека ќе ја повредите

Тешко е да се ослободите од стравот дека некој ќе ве повреди. Ќе биде потребно време додека таа престане да биде постојано на штрек и да очекува повторно да биде повредена. Ако покажете трпение и разбирање, ова чувство евентуално ќе помине.

Што треба да запаметите пред да почнете врска со девојка која била изневерена?

Некои работи секогаш ќе бидат болни без разлика колку време поминало

Болката предизвикана од неверството е многу специфична и тешко поминува. Може да поминат и години, а вие сè уште да се сеќавате какво било чувството кога сте биле изневерени. Ќе има добри и лоши денови. Ќе има периоди кога таа без предупредување ќе се чувствува повредено од нешто што го има доживеано. Тоа е нормално и ќе помине.

Најдобрата и најефективната работа што можете да ја направите е да бидете тука за неа

Бидете тука за неа. Бидете присутни и отворени, едноставно бидете до неа. Покажете ѝ дека не одите никаде. Тоа ќе ѝ значи сè и по некое време ќе видите како ќе почне да ви верува и да ве сака безусловно и безрезервно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар