Момци, дознајте што сака секоја жена по сексот за да почувствува неизмерно задоволство!

Момци, дознајте што сака секоја жена по сексот за да почувствува неизмерно задоволство!

Дали е можно да се почувствува целосно задоволство во сексот без една ситница? Навистина станува збор за едноставна активност што го заокружува сексуалниот чин и им дава дополнителна жар на сите оние емоции кои до пред неколку секунди таа ги чувствувала. Имајте на ум, дека ако го прескокнете ова, поголемиот дел од жените брзо би го претвориле задоволството во разочарување.

Момци, дознајте што сака секоја жена по сексот за да почувствува неизмерно задоволство!

Можете да погодите за што станува збор? Што е тоа што го прави сексот целосен и за жените е едноставно совршено? За да го добијат одговорот на ова прашање, група истражувачи испитале 2.400 волонтери, а заклучокот што го добиле е дека интимноста во сексот е подеднакво важна како и техниката, големината на пенисот, посветеноста и сè она што игра улога во самиот однос.

Имено, сè што жените сакаат по сексуалниот однос е прегратка, бидејќи токму ова мало внимание е клучот што го отвора нивното срце, како во сексот, така и надвор од него. Дури 71% од испитаниците истакнале дека се задоволни со својот партнер во креветот само доколку се гушкаат од 5 до 10 минути по односот.

Жените признале дека самиот сексуален чин им предизвикува да се чувствуваат ранливо и малку незаштитено, па прегратката и нежните бакнежи им се како еден вид знак дека мажот крај нив навистина се грижи и сака тие да се чувствуваат убаво.

Ете момци, сега знаете што е тоа што претвора едно сексуално искуство од просечно во неверојатно. Ако сакате вашата партнерка да е целосно задоволна, тогаш знаете што треба да правите!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар