9 работи кои никако не смеат да се најдат во плакарот на возрасна жена

9 работи кои никако не смеат да се најдат во плакарот на возрасна жена

Во животот на секоја жена доаѓа момент кога конечно мора да созрее и да се ослободи од сите алишта кои толку вредно ги собирала со години. Колку и да е поврзана со својата гардероба, факт е дека на палавата девојка ќе ѝ дојде време да се претвори во млада и сериозна жена, а тоа подразбира и чистење на плакарот од сите непотребни алишта кои единствено зафаќаат место кое може попаметно да се искористи.


(5)-9-raboti-koi-nikako-ne-smeat-da-se-najdat-vo-plakarot-na-vozrasna-zhena-kafepauza.mk

Но, на кој дел од облеката би требало да му кажете чао?

1. Костуми за маскенбал

Дали навистина мора да ги чувате сите тие костуми за маскенбал кои ги носевте во претходните години? Едноставно не постои доволна добра причина за тоа. Поклонете ги, фрлете ги или искористете ги за нешто друго, бидејќи веројатноста дека повторно ќе ги носите е многу блиску до нула.

2. Елегантни фустани кои знаете дека повеќе нема да ги облечете

Фустаните за разни прослави, особено оние кои некогаш сте ги носеле на некоја свадба, се фустани кои веројатно нема повторно да ги облечете. Без разлика дали тие модели повеќе не се во мода или можеби веќе не ве собираат, факт е дека и двете причини се доволно добри за тие фустани да го изгубат своето место во вашиот плакар.

3. Чорапи без пар

Сериозно ли мислите дека уште би требало да носите различни чорапи? Можеби беше во ред додека имавте 13 години, но сега сте во светот на возрасните – така и однесувајте се.

(3)-9-raboti-koi-nikako-ne-smeat-da-se-najdat-vo-plakarot-na-vozrasna-zhena-kafepauza.mk

4. Фармерки со низок струк

Неудобни се и непрактични, а уште повеќе се и дел од облеката кој воопшто не се вклопува во вашиот изглед на возрасна, смела и сериозна жена. Токму затоа и се меѓу првите работи кои треба да ги исфрлите и замените со покласични модели.

5. Сè што е мало и/или не вреди да се носи на шнајдер

Фармерки, фустани, маички, џемперчиња, што и да е, само направете си место за нешто ново кое ќе ви стои многу подобро од 2 броја помалите парчиња облека.

6. Неудобни штикли

Ногата навистина изгледа многу поубаво во штикла, но неудобниот модел не само што ќе ви донесе многу болка, туку и ќе направи да изгледате сосема поинаку од посакуваното. Исфрлете ги или поклонете ги некому тие високи потпетици и купете си некои кои совршено ќе се вклопат во вашиот изглед.

(2)-9-raboti-koi-nikako-ne-smeat-da-se-najdat-vo-plakarot-na-vozrasna-zhena-kafepauza.mk

7. Облека која веќе не е во мода

Особено кога станува збор за оние алишта кои не се вклопуваат во ниту една комбинација, но некогаш одамна биле неверојатен моден тренд. Ниту ги носите, ниту ќе ги носите, па зошто би им дозволиле уште да зафаќаат вредно место во вашиот плакар?

8. Облеката која ви служи како мотивација

Дали навистина сакате да поминете уште еден ден чувствувајќи се ужасно бидејќи сè уште не ве собира во оној фустан кој долго копнеете да го облечете? Заштедете си себеси и време и живци и ослободете се од него давајќи си шанса конечно да се прифатите онакви какви што навистина сте.

9. Неудобна облека

Животот е прекраток за да носите нешто во кое не се чувствувате удобно. Колку е да е модерно тоа парче облека, веројатноста е дека не само што нема да се чувствувате убаво носејќи го, туку нема ни да изгледате добро.

(4)-9-raboti-koi-nikako-ne-smeat-da-se-najdat-vo-plakarot-na-vozrasna-zhena-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар