Мисли што ви се мотаат во глава кога вашата симпатија не ви ги возвраќа чувствата

Сонцето заоѓа. Тишина. Вие седите во вашата соба во темница и повторно ја прегледувате почетната страна на Фејсбук, барајќи едно конкретно име. Можеби се работи за дечкото со кого сте се бакнале еднаш пред 100 години. Можеби станува збор за пријателот на вашата цимерка кој нема поим како се викате. Можеби тој само што започнал врска со прекрасна девојка. И покрај сето тоа, вие не сте подготвени да се откажете, бидејќи кој вели дека патот до вистинската љубов е лесен?!

Мисли што ви се мотаат во глава кога вашата симпатија не ви ги возвраќа чувствата

Не грижете се! На сите им се случило да ја изгубат главата по дечко кој не е заинтересиран за нив. Ова чувство нема да трае засекогаш. Но, додека трае, најдобро е да ја свртиме целата ситуација на шега и да се насмееме поради следниве опсесивни мисли што сигурно ви е се мотаат во глава…

1. Се прашувам што прави Алек вечерва.

2. Сега ќе проверам дали ќе присуствува на отворањето на новото кафуле вечер.

3. Не! По грешка ја лајкнав објавата дека ќе присуствува на настанот!

4. Не заборавај дека тој не само што има девојка, туку и буквално премина улица за да те одбегне пред некој ден!

5. Мислам дека не си го замислував тоа…

6. Можеби можам да најдам начин да им влезам во врската и да им станам блиска пријателка и потоа, по неколку години кога сигурно ќе раскинат, ќе му бидам рамо за плачење.

7. Како се викаше девојка му? Можеби треба да ја додадам за пријател.

8. Значи, никој не става толку фотографии од одмор со дечкото освен ако не се преправа дека се среќни!

9. Изгледа како никогаш да немала мозолче на лицето. Чисто, како на порцеланска кукла!

10. Зошто пак се вклучив на Фејсбук? Исклучи се веќе еднаш!

11. Или можеби набрзина ќе ја додадам за пријател. Ете, готово!

12. Морам да се натерам да не мислам на Алек и на неговата девојка без мозолчиња. На пример, што ќе облечам вечер?

13. Не, не можам да го носам тој фустан. Него го носев последниот пат кога го видов Алек.

14. Леле, што ми e мене?

Мисли што ви се мотаат во глава кога вашата симпатија не ви ги возвраќа чувствата

15. Дали можеби го користам Алек како изговор да не мислам на сите испити што ги паѓам на факултет?

16. Или можеби тој е едноставно премногу згоден?

17. Да, навистина е згоден. Којзнае какви би биле неговите деца?!

18. Се прашувам дали Алек некогаш помислува на вечерта кога се „смувавме“ во средно?

19. Се прашувам дали ѝ кажал на девојка му. Како ѝ беше името? Сандра?

20. Алек и Сандра. Тоа звучи убаво во комбинација.

21. Ужасно.

22. Сигурно ја премина улицата затоа што ѝ кажал дека сме се „смувале“ и таа можела да ја почувствува хемијата што владее помеѓу нас. Алек, нема да можеш засекогаш да ги криеш чувствата!

23. Не, сериозно, мора да мислам на нешто друго. Еве фустанов е убав. Ќе го облечам. Изгледам преслатко! Кому му треба дечко?

24. Се прашувам дали сѐ уште го чува CD-то што му го дадов. Ми кажа колку многу сака електрична гитара и сите песни што ги ставив беа со електрична гитара. Сигурно еден ден ќе сфати какво внимание и грижа пропушта!

25. Па добро, можеме да го занемариме фактот дека му го дадов CD-то пред три месеца.

26. И сигурна сум дека веднаш го фрли во корпа за отпадоци.

27. И потоа ми прати порака со зборовите „Не ми се допаѓаш на тој начин“.

28. Морам да го преболам… Ќе се вклучам на Тиндер.

Мисли што ви се мотаат во глава кога вашата симпатија не ви ги возвраќа чувствата

29. Уф, зошто сите на Тиндер имаат глупаво лице?

30. На пример, овој маж позира со 12 патки. Зошто некој би направил такво нешто?!

31. Знам кој не би го направил тоа….

32. Те молам не оди натаму. Не смеам повторно да помислам на неговото име!

33. Алек.

34. Не знаев дека е возможно да се опседнам со некого толку многу што почнува да ми станува здодевен. Не му се ни допаѓам!

35. Сериозно… едвај чекам да дојде моментот кога ќе заборавам зошто воопшто ми бил привлечен. Зар не би било супер нареден пат кога ќе го видам да му има израснато опашка?

36. Најверојатно би бил сладок дури и со опашка.

37. Се прашувам дали постои некаква љубовна магија што би можела да му ја фрлам на Алек и тој да се заљуби во мене. Набрзина ќе побарам на телефонот.

38. Најдов една што вели дека треба да го напишам неговото име среде пентаграм, да запалам црна свеќа на следната млада месечина и цела ноќ да го повторувам ова поглавје од Стариот завет и тогаш Алек ќе се вљуби во мене.

39. Колку чинат црните свеќи?

40. Помалку од 100 денари. Добра инвестиција.

41. Дали ако го присилам Алек да се вљуби во мене против негова волја ќе ги нарушам неговите основни човекови права? Или дали тоа се смета за мала емоционална манипулација?

42. Најверојатно тоа не би било многу убаво од моја страна…

43. Но, ако ја убијам Сандра на пример…

Мисли што ви се мотаат во глава кога вашата симпатија не ви ги возвраќа чувствата

44. Готово, го исклучувам телефонот.

45. Знам што ќе направам! За да не мислам на Алек, ќе му пишам на другиот дечко што го запознав минатиот викенд. Како се викаше?

46. Милан? Милош? Михајло?

47. Сигурна сум дека му го запишав бројот некаде. Ќе побарам во телефонот.

48. Леле, дали навистина не сум го зачувала бројот? Можеби уште ја чувам пораката што ми ја прати.

49. А, да! Ги избришав сите пораки во случај да не ми стигнале пораките од Алек затоа што во телефонот немало доволно место.

50. Извини Милан/Милош/Михајло, веројатно ќе ти го запаметев името ако навистина ми се допаѓаше.

51. Да сакав дечко, можеби ќе бев поотворена за запознавање нови луѓе.

52. Кога подобро ќе размислам, не се ни сеќавам каков беше Алек кога се смувавме. Едноставно не бев заинтересирана да запознам некој друг.

53. Дали уживам во сопственото друштво?

54. Кога ќе размислам подобро, се опседнувам со Алек, кој всушност е дел од мојата имагинација. Можеби личноста со која навистина се опседнувам сум јас самата!

55. Само што се сетив на нешто. На нешто многу подобро од кој било дечко на светот. Нешто совршено…

56. Има сладолед во фрижидер.

57. Мислам дека сепак нема да излезам….

Прочитајте ги и маките на оние што се „само пријатели“.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар