Маките на оние што се „само пријатели“

Маките на оние што се „само пријатели“

Без разлика дали сте момче или девојка, сигурно не ви е лесно ако со личноста која ви се допаѓа имате само пријателски однос и ништо повеќе. Не сте сами во тоа. Сајтот Whisper ги поканил своите корисници да ги поделат своите чувства и искуства од т.н. пријателска зона, а ова се нивните исповеди.

Маките на оние што се „само пријатели“

 

„Толку бев длабоко во нејзината пријателска зона што побара од мене да ја сликам разголена за сликите да му ги прати на момчето.“

„Јас автоматски ги ставам момчињата во пријателска зона за потоа да немам грижа на совест ако не сум добра со нив.“

„Ме погоди кога ми рече дека ме смета за пријател. Сепак ќе ѝ кажам дека сум затрескан во неа пред да си замине одовде.“

„Ѝ помогнав на другарка ми да стави едно момче во пријателската зона. Сега тоа ми се врати. Тој нè сака и двете.“

„Пријателската зона е непријатно место ама јас добро се снаоѓам таму.“

„Јас еднаш побегнав од пријателската зона. Не вредеше да се биде таму.“

„Се плашам да го пуштам надвор од пријателската зона.“

„Мислам дек мојот ум го става него во пријателската зона само тогаш кога сакам да си мислам дека тој е вистинскиот.“

„Му реков на мојот најдобар другар дека ми се допаѓа. Тој ми рече „да пукне“ и ме замоли да му помогнам во изработката на проектот. Пријателската зона навистина постои.“

„Заглавена сум во пријателската зона на еден другар. Му давам знаци и многу флертувам со него, ама тој како да не забележува.“

Маките на оние што се „само пријатели“

 

„Неодамна ставив еден другар во пријателската зона. Се чувствувам лошо поради тоа, ама не можам да ја барам љубовта онаму каде што ја нема.“

„Преку глава ми е од тоа да бидам фин со девојките и автоматски да ме ставаат во пријателската зона.“

„На моите машки пријатели им се обраќам со „другар“ за да им дадам до знаење дека засекогаш ќе останат во пријателската зона.“

„Поминаа повеќе од десет години. Време е да се помирам со пријателската зона и да барам некого на друго место.“

„Секогаш завршувам во пријателската зона затоа што ми е страв да ги прашам девојките да излезат со мене. Како да имам некој страв од одбивање.“

„Толку сум заглавена во пријателската зона што семејството на неговата девојка ме кани на сите нивни забави.“

„Толку сум заглавен во пријателската зона што таа почна да ме вика другарка.“

„Јас сум машко и минатата година бев заглавен во пријателската зона на мојата најдобра другарка. Кога конечно ја поканив да излезе со мене, таа ми призна дека е лезбејка.“

„Минатата вечер флертував со мојата колешка и мислев дека ноќта ќе ја завршиме заедно в кревет, но јас завршив само во нејзината пријателска зона.“

 


во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар