Зошто мајките во Индија не ги казнуваат нивните деца?

Зошто мајките во Индија не ги казнуваат нивните деца?

Родителите во Индија веруваат дека викањето нема да им помогне при воспитување на децата. Комбинацијата од Хиндуизам, Будизам и Ислам го извлекува најдоброто од секоја религија и традиција. Дури и најпроблематичните деца не претрпуваат казни и постои голема причина за постоењето на таквиот пристап. Дознајте како да бидете добри родители според индиските семејства…

Зошто мајките во Индија не ги казнуваат нивните деца?

Метод на добрина

Уште од самото раѓање, децата во Индија учат дека треба да бидат добри кон сите живи суштества. Трпението е од голема важност и се смета за доблест, додека, пак, покажувањето емоции и нервозата се сметаат за гревови.

Контролирани информации

Родителите не им дозволуваат на децата да гледаат ТВ канали што не се посветени на уметност и образование. Овој пристап е многу важен во денешно време, бидејќи Интернетот и телевизијата може да имаат негативно влијание на карактерот, па дури и да бидат опасни.

Манирите се на прво место

Индијките многу внимаваат на однесувањето и ги учат нивните деца како да стекнат добри манири. На децата на 2-годишна возраст им се простува ако си играат со храната, но за 10-годишниците таквото однесување не се толерира.

Поставување добар пример

Родителите во Индија се сигурни дека нивните навики ќе се преточат во идните карактерни особини на нивните деца. Токму затоа, тие не ги караат туку им покажуваат како треба да ги прават работите, водејќи се од нивниот сопствен пример. И постарите генерации учествуваат во ова, бидејќи најчесто повеќе фамилии живеат под еден покрив.

Блиска поврзаност

Докторите во Индија им препорачуваат на мајките и децата да спијат заедно, бидејќи така можат да се почувствуваат и да останат смирени. Ако бебето стане нервозно, мајката веднаш го зема во раце.

Зошто мајките во Индија не ги казнуваат нивните деца?

Размислување на глас

Училишното образование е поврзано со духовноста и толеранцијата. Децата учат како да ги искажуваат мислите и да дискутираат за нив. Тие имаат лекции по јога, сеќавања и насмевки. Самиот образовен систем ги поттикнува да го откријат сопствениот потенцијал.

Однесувањето на наставниците

Наставниците во Индија мора да бидат многу толерантни. Тие не смеат да покажат незадоволство или да бараат нешто што не го прават самите. Најчесто се организираат собири за да се дискутираат правилата за однесувањето на наставниците, а не на децата.

Стремеж кон личен напредок

Главната задача на учениците е да стануваат сѐ подобри и подобри. Секој месец, најдобрите ученици добиваат специјални честитки. Децата во Индија се стремат да бидат подобри од самите себе, а не од другите.

Неформално однесување

Наставниците не се двоумат дали да ја покажат нивната љубов кон учениците. Тие смеат да ги прегрнуваат децата и да им покажуваат нежност. Сепак, не смеат да имаат миленици, бидејќи секое дете треба да биде подеднакво прифатено.

Како и во секоја земја, воспитните и образовните принципи во Индија се засноваат на менталитетот на луѓето. Нема ништо лошо во тоа доколку научите нешто од нив и станете потрпеливи и понежни кон вашите деца.

Во продолжение прочитајте ги овие 9 чудни начини за воспитување деца ширум светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар