Мејкап трендови за есен 2012

Дизајнерите ширум целиот свет ги поставија топ трендовите за оваа есен. Есенската монотонија ќе ја протресат впечатливи бои, интересни форми и смели мејкап изгледи. Ова се мејкап трендовите за оваа есен кои ги издвојуваме:

Бела сенка за очи

Мејкап трендови за есен 2012Можеби месеците кои доаѓаат се постудени, но тоа не значи дека треба да го ограничите вашиот изглед со темни бои. Обичното и секојдневното е здодевно, па затоа наместо тоа нанесете ја сенката само на внатрешните или само на надворешните агли од очните капаци. Маскарата можете или целосно да ја прескокнете или да нанесете само еден слој маскара или туш за очи.

Геометриски форми

Мејкап трендови за есен 2012Со изборот на вистинските бои, оваа есен можете лесно да ја користите шминката за очи како аксесоар. Строги линии, апстрактни форми и накосеност на каревите за да добиете „мачкин поглед“.

Смели веѓи

Мејкап трендови за есен 2012Тенките веѓи веќе не се ин, дебелите веѓи на големо направија камбек во последниве години. Оваа сезона веќе се екстремни, слободно нагласете ги!

Образи румени како од студ

Мејкап трендови за есен 2012Како што и самите забележавте, оваа сезона преовладува природниот изглед, а обично вниманието се носи само на одреден дел од вашето лице. Во овој случај, нагласете ги образите. Одберете розово или црвено руменило и направете ги вашите образи румени како од студ.

Готик изглед

Мејкап трендови за есен 2012Темни бои, висок сјај, нагласување на усните. Оваа есен во тренд се темните усни, нијанси кои се движат од бордо, до речиси црно.

Блескави „зачадени“ очи

Мејкап трендови за есен 2012Изгледот „зачадени очи“ не излегува од мода – само му се дава една поинаква димензија. Ваквата шминка е секогаш одличен избор доколку сакате да ставите акцент на вашите очи. Класичните „зачадени очи“ заменете ги со живи, блескави бои, особено пурпурна и смарагдна боја. За да постигнете совршен изглед, одберете три монохроматски нијанси. Најсветлата сенка искористете ја за да го потенцирате делот под веѓите и долж внатрешните агли на очите, а најтемната за да ја дефинирате формата на окото. Потоа додадете живи бои во центарот на очните капаци за вашите очи да изгледаат поголеми.

Црвена сенка за очи

Мејкап трендови за есен 2012Долго време црвената боја се користи за нагласување на усните, но сфатете го ова како еден вид пресврт. Зошто да не ги нагласите вашите очи со црвена сенка?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Смајли Reply

    Тренд е нешто што може да се носи. А ова дефинитивно не е изглед со кои можеш да излезеш надвор.

    • baba Reply

      vo pravo si

Остави коментар