Фенг шуи совети за поголема страст во спалната соба

Фенг шуи совети за поголема страст во спалната соба

Фенг шуи е древен кинески систем кој синтетизира повеќе учења, вештини и техники, со цел човекот да се врати или да се задржи во допир со природата. Многумина модерни ентузијасти тврдат дека фенг шуи претставува аранжирање на предметите (како мебелот) со цел да им помогне на луѓето да ги постигнат своите цели. Но, традиционално фенг шуи се користи првенствено за да се одбере вистинското место за живеење, за работа и за гробни места. Доколку немате добар љубовен живот, познавачите на фенг шуи вештината, тврдат дека тоа можете да го поправите со реорганизација на вашиот дом.

Фенг шуи совети за поголема страст во спалната соба

За почеток, треба да земете еден компас и најпрво да одредите на која страна од светот е свртена вашата куќа или стан. Ова е важно бидејќи фенг шуи се заснова на односот на природните сили и нивното насочување кон напредок, благосостојба и среќа на поединецот и семејството како целина.

Откако ќе одредите на која страна од светот се наоѓа вашиот дом, фокусирајте се на местото на кое ќе биде вашата спална соба и брачниот кревет. За да биде вашиот љубовен живот успешен, најдобро е спалната соба да ја лоцирате на југозападниот дел од вашиот стан/куќа.

Фенг шуи совети за поголема страст во спалната соба

Потоа, обратете внимание на цела низа крупна и ситни детали. Така, за да имате подобри партнерски односи, спалната соба обојте ја во жолта боја. Брачниот кревет никако не смее да биде насочен кон вратата, за да не се појават здравствени проблеми, но сепак вратата треба да биде видлива од некој агол на лежење на креветот.

Фенг шуи совети за поголема страст во спалната соба

Доколку сакате да имате љубовна врска исполнета со многу страст, треба да закачите превез со бисерна или стаклена монистра на вратата од спалната соба. На тој начин се поттикнува нова енергија помеѓу вас и вашиот партнер и се спречува неверството.

За подобра комуникација и среќа во вашата врска, добро би било да ставите две идентични виолетови или црвени свеќи во стаклени свеќници, на двете страни од креветот. Доколку на сето ова додадете и сет ламби над креветот, ќе провоцирате енергија на среќа и чувство на меѓусебна привлечност.

Мирисот на ванила позитивно делува на љубовта и ја зголемува лојалноста помеѓу партнерите. Затоа поставете ароматични стапчиња или свеќи со мирис на ванила на југозападниот агол од спалната соба, бидејќи тоа ќе ја зголеми физичка привлечност помеѓу вас и вашиот партнер.

Фенг шуи совети за поголема страст во спалната соба

Огледалата во спалната соба се апсолутно непожелни, затоа што тие носат енергија која ги наведува партнерите на прељуба или вмешување трета личност во нивната врска, а воедно го нарушува и сонот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар