Мејкап-совети и туторијали за кафеави очи

Поради тоа што кафеавите очи имаат тенденција да даваат природен подлабок изглед, девојките со ваква боја на очи имаат голем избор на шминка која им одговара. Нивните кафеави очи им дозволуваат да користат и потемни сенки, она што не можат да го направат девојките со светли очи. Кафеавите очи се всушност најлесни за истакнување и многу лесно може да постигнете гламурозен изглед.Мејкап совети и туторијал за кафеави очи

1. Одберете ги соодветните сенки според светлината на очите

Постојат различни нијанси на кафеави очи, од потемни до посветли. Еве неколку совети за одбирање на вистинскиот мејкап-изглед кој ќе одговара на вашите кафеави очи.

  • Темно кафеави – доколку имате темно кафеави очи, кои можат дури да изгледаат и како црни, вам би ви одговарале сите сенки од средните до темните бои на палетата. Единствениот проблем е тоа што вашата шминка може да изгледа премногу темна или груба, па затоа разбијте ја монотонијата со употреба на светли кремави сенки во внатрешноста на очните капаци. Со нагласување на контрастот помеѓу светлите и темните нијанси, ќе постигнете совршен мејкап-изглед на вашите очи.
  • Средно кафеави – средно кафеавите очи се најлесни и најпогодни за испробување на нови трикови. Кога станува збор за мејкап-изгледот, со ваква боја на очи може да бидете послободни и да испробувате различни бои. Би ви одговарале виолетови нијанси, а зелената навистина ќе ги истакне вашите очи. Може да одите и во спротивна насока со одбирање на златни и бронзени нијанси. Ако не сакате вашиот изглед да е нападен, тогаш суптилно нагласете ја линијата над очите со бронзен ајлајнер.
  • Светло кафеави – доколку имате светла нијанса на кафеави очи, одбегнувајте употреба на темни сенки. Одберете кремави сенки и светли нијанси на жолта боја. Сенките со боја на шампањ или бледо виолетова, совршено би ви прилегале. Одбегнувајте црн ајлајнер, можеби подобро би ви одговарал виолетов или бронзен.

2. Како познатите ги истакнуваат своите кафеави очи?

Зачадената шминка“ е совршена за истакнување на кафеавите очи. Клучно е да се користат топли тонови, чоколадно кафеава, боја на мед или карамел, како основа на вашиот мејкап-изглед. Тие ја истакнуваат топлината и привлечноста на светло кафеавите очи како на Џенифер Лопез.Мејкап совети и туторијал за кафеави очиТопло кафеавите очи на Бијонсе, во случајов се центар на внимание. Таа постигнала совршен баланс во својот мејкап-изглед, нагласувајќи ги очите, без да биде премногу нападна.  Така, нанесете темни сенки за очи (од темно кафеава до сина), а за усните одберете т.н. „гол изглед“.Мејкап совети и туторијал за кафеави очиДоколку имате црна коса и темно кафеави очи, како Ким Кардашијан, со шминката одете во спротивна насока. Со употреба на светли нијанси како сива, сребрена, крем или виолетова, би го осветлиле и освежиле својот изглед.Мејкап совети и туторијал за кафеави очиЗа да ги истакнете темно кафеавите очи, употребете руменило како Лејтон Мистер. Се препорачуваат нијанси на розова или праска боја на руменило и сини или сиви сенки за очи.Мејкап совети и туторијал за кафеави очиДоколку имате чоколадно кафеави очи, како Џесика Алба, одберете впечатлива боја на кармин за усните, но не нагласувајте ги и очите истовремено, за да не се натпреваруваат кој ќе привлече повеќе внимание. Едноставно извиткајте ги трепките со виткач на трепки и нанесете неколку слоеви маскара, a може да нанесете и светкава сенка за очи, но внимателно и ненападно.Мејкап совети и туторијал за кафеави очиПогледнете како шминката на Никол Ричи ù ги истакнува очите. Испробајте го првиот изглед со употреба на виолетови нијанси, или пак одберете морнарско сина или смарагд зелена сенка за очи. Максимално истакнете го погледот со нанесување на моливче за очи во внатрешноста, но и по надворешната линија на очните капаци.Мејкап совети и туторијал за кафеави очиВртењето на вниманието кон вашите очи не се постигнува само со интензивните бои, туку и со истакнување на нивната форма. Погледнете го овој изглед на Синди Крафорд.

За да ја истакнете големината на вашите очи, темните нијанси на сенката нанесете ги во долните краеви од очните капаци, а моливчето за очи нанесете го во внатрешниот дел.

Доколку вашите очи изгледаат како да не се доволно раздалечени, нанесете светкава сенка на надворешните агли на очните капаци, за да постигнете нивно визуелно оддалечување.Мејкап совети и туторијал за кафеави очи

За крај, погледнете ги овие мејкап-туторијали за најдобро истакнување на кафеавите очи.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. 050505 Reply

    Мислам дека треба да се истакнат со малку шминка, а не со шминка до веѓа што се вика.

  2. Sani Reply

    Никол Ричи е катастрофа на двете слики ,има постигнато сосема обратен ефект. Мислам дека треба да ви биде во пример како никако да не се шминкате :)

Остави коментар