Мајо пирамида на исхрана: Популарна диета која гарантира фигура од сонишата

Сите знаеме дека повеќето диети завршуваат неуспешно. Почнуваме да ги броиме калориите, драстично ја намалуваме големината на оброците и гладуваме. Така гладни, нормално дека ќе попуштиме и порано или подоцна ќе ја прекинеме диетата. Чувството на вина и неспособност нѐ тера да јадеме уште повеќе од претходно и уште повеќе се здебелуваме.

Мајо пирамида на исхрана: Популарна диета која гарантира фигура од сонишата

Многу доктори и нутриционисти имаат утврдено дека најдобрата диета е онаа која нема да ги смени многу нашите рутини, туку ќе биде прилагодена на веќе постоечките со тоа што ќе го следиме напредокот и евентуалните проблеми. Во таа смисла, многу нутриционисти се обидуваат да не прават диета туку програма која би ни дала основни насоки што и како да јадеме и која подоцна само ќе ја адаптираме и сами ќе го бираме менито на исхрана.

Една од тие програми е токму диетата Мајо која настанала на истоимената њујоршка клиника во 2010 година, како резултат на истражување и тестирање на поединци и доброволци. Нејзината цел е да се пронајде вистинскиот баланс помеѓу прехранбените производи и нивната најдобра комбинација, со тоа што секој од нас би можел да направи мени според сопствените потреби и навики.

Со цел најлесно да го објаснат распоредот на храната и прехранбените производи во нашето мени, докторите направиле еден вид пирамида каде на дното се наоѓаат овошјето и зеленчукот како производи кои можат да се јадат во неограничени количини, потоа нешто што би требало да се јаде помалку а тоа се јаглехидратите (4-8 порции), уште помалку протеини (3-7 порции), масти (3-5 порции) и најмалку благи работи, околу 100 калории дневно. Како што може да се види од пирамидата, нема забранети прехранбени производи, ништо не се отфрла ниту строго забранува. Само треба да се внимава производите да се комбинираат во одредени ограничени количини секој ден.

Мајо пирамида на исхрана: Популарна диета која гарантира фигура од сонишата

Диетата Мајо не препорачува броење калории, ниту отфрлање на одредени прехранбени производи. Оваа пирамида треба да се надополни со секојдневна физичка активност од најмалку 30 минути дневно. Таа активност е задолжителна, но може да биде од каков било тип: трчање, возење велосипед или обична прошетка. Доколку ви е тешко да вежбате цели 30 минути, можете да почнете со пократки активности кои ќе траат само 10 минути и потоа би се продолжиле постепени на 30, но секако дека без нив диетата не е целосна.

Самата диета се состои од две фази. Првата фаза е брзо губење килограми, каде за две недели се губат и до 5 килограми додека да свикне организмот на диетата и да ја прифати новата програма. Ова брзо губење килограми би требало и дополнително да го мотивира поединецот. Потоа следи фазата на прифаќање на диетата, во која поединецот учи како да ги комбинира прехранбените производи. Во оваа фаза се губи до 1 килограм неделно сѐ додека е потребно да се губат килограми, иако овој начин на живот може да се практикува засекогаш.

Покрај губењето килограми, забележано е дека со оваа диета потполно се менува состојбата на организмот и се подобрува здравјето. Имено, значително се намалува нивото на холестерол во крвта, крвниот притисок и се решаваат проблемите со варењето на храната. Освен тоа, се подобрува квалитетот на сонот, се намалуваат проблемите при движење и болките во зглобовите. На многумина почнува да им се допаѓа физичката активност која ја одбрале, па продолжуваат и понатаму да се занимаваат со неа, додека, пак, поединци потполно ги менуваат сите лоши навики во исхраната и секојдневниот живот.

Иако диетата не препорачува броење калории, бројот на внесени калории нема да премине 1.200 доколку внимателно се следи пирамидата. Докторите тврдат дека оваа диета ја подобрува и психичката состојба и начинот на живот кој станува многу поздрав без многу жртви. Според принципите кои ги промовира оваа диета, нема да го расипете ефектот дури ни ако се почестите со едно парче торта.


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар