Крцкави компирчиња: Вкусна индиска ужина која ќе го задоволи вашиот глад

Ако ви се грицка нешто солено, погледнете го овој интересен рецепт

Крцкави компирчиња: Вкусна индиска ужина која ќе го задоволи вашиот глад

Потребни состојки:
  • 3 компири со средна големина, исечкани
  • 6-7 зелени чили пиперки (или по вкус)
  • 120 грама брашно од леблебија
  • 40 грама оризово брашно
  • 1 лажица пченкарно брашно
  • 1,5 лажичка кромид, исечкан
  • 2 лажици лимонов сок
  • Сол (по вкус)
  • Масло за пржење
Начин на подготовка:

Откако ќе ги олупите компирите, потопете ги во сад со студена вода. Измешајте ги сите видови брашно во голем сад. Ставете ги зелените чили пиперки во блендер и додајте малку вода со цел да направите чили паста. Откако ќе завршите, додадете ја во садот со брашно. Додадете ги и кромидот, лимоновиот сок и солта во садот, а по вкус можете да додадете и чили во прашок (доколку сакате позачинета храна). Измешајте добро и додадете ги и исечканите компири.

Дозволете малку од водата од компирите да се исцеди во мешавината со цел да добиете густа смеса која ќе послужи како обвивка за вашиот чипс. Следен чекор е пржењето, но внимавајте да не ги тргнете предвреме од оган. Пржете сè додека парчињата компир не се златно кафеави од двете страни. Откако ќе завршите, отстранете го вишокот масло со помош на хартиена крпа и послужете ги топли.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар