Овие персонализирани слики кои раскажуваат приказни за љубовта, среќата и авантурите ќе го разубават вашиот дом (+ ПОДАРОК)

Овие персонализирани слики кои раскажуваат приказни за љубовта, среќата и авантурите ќе го разубават вашиот дом (+ ПОДАРОК)

Ја раскажувате вашата приказна, а потоа добивате внимателно изработена креација која ги отсликува вашите спомени. MAPSY е бренд чија основна дејност е креирање персонализирани слики и илустрации инспирирани од најважните моменти во вашиот живот. Освен што можете да го декорирате домот со вашите спомени, можете да ги нарачате овие креации како уникатен подарок за вашите најсакани. По успешната кариера како модел, Јована Нешова одлучува да се посвети на нешто друго што ја влече веќе подолго време – креативноста и уметноста. Освен тоа, од април започнува да се надоградува во областа на графичкиот дизајн во најдобрата Академија за графички дизајн во Македонија бидејќи сака да учи нови работи и уште повеќе да придонесува за MAPSY. Во продолжение прочитајте како се изработуваат овие уникатни креации.

МОЖНОСТ ЗА ПОДАРОК!

View this post on Instagram

⭐ <— GIVEAWAY TIME —> ⭐ ⁠ Во соработка со @themapsy подаруваме 3 уникатни постер-слики и илустрации со дизајн од типот: THE ZODIAC, THE STARS и THE BABY ⁠ Правила за учество:⁠ ⁠ 1. Следете ги двата профили: @kafepauza и @themapsy ⁠ 2. Изберете дизајн и тагнете двајца пријатели 3. Можете да тагнувате различни профили повеќе пати ⁠ Добитниците ќе ги избереме во среда (4.3.2020). Со среќа! 🍀⁠ ⁠ #кафепауза #giveawaymacedonia #giveawaysmacedonia #илустрации #постери #слики #подарок #уникатно #креативно #персонализирано #арт #ѕид #ѕиднидекорации #уметност #слика #бебе #спомени #ѕвезди #соѕвездија #хороскоп #хороскопскизнаци #инстаграмџии #инстаграмџики #инстаграмџииmacedonia

A post shared by Кафе пауза (@kafepauza) on

1. Од каде потекнува инспирацијата за изработка на вакви постер слики и персонализирани илустарции и колку долго се занимаваш со ова?

Бизнисот го започнав уште во 2019 година, но официјално започнав со работа и со продажба во јануари 2020 година. По природа сум голем перфекционист, отсекогаш ме привлекувале дизајнот и естетиката и сакам работите кои ги правам да бидат квалитетно изработени и да изгледат убаво. Овој бизнис, пред сè бара време, идеи, чувство за естетика и познавање на графичкиот дизајн. На овој бизнис се работеше макотрпно и со многу љубов. Колекцијата на MAPSY помина низ долг процес и евалуација, внимателно ги избравме дизајните и ги тестиравме за да добиеме еден финален дизајн кој ќе одговара на нашите стандарди за висок квалитет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MAPSY (@themapsy) on

2. Како ги изработуваш сликите и во какви бои, димензии и дизајни ги нудиш своите креации?

За креирање користиме посебни специјализирани софтвери, а потоа илустративно ги дизајнираме. MAPSY моментално се состои од 6 колекции (THE BABY, THE DOG, THE MOON, THE PLACE, THE STARS и THE ZODIAC) и секоја колекција си има свои дизајни. Сликите се достапни во 3 димензии: 30х40 цм, 50х70 цм и 70х100 цм. За секоја колекција има 2 опции за купување и нарачување.

Колекцијата THE BABY е персонализирана илустрација од бебе во мајчината утроба.

Колекцијата THE DOG е персонализирана илустрација од кучиња, која брои вкупно 95 раси кучиња. Илустрациите на кучињата се дизајнирани според изгледот на расата на кучето (според големината и формата).

Колекцијата THE MOON е персонализирана постер слика од месечевите мени.

Колекцијата THE PLACE е персонализирана постер слика од градови коишто се географски достапни.

Колекцијата THE STARS е персонализирана постер слика од соѕвездијата коишто се точни и прецизни и содржи галактички координати на сите ѕвезди видливи од Земјата со голо око.

Колекцијата THE ZODIAC е персонализирана постер слика на соѕвездијата на Зодијакот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MAPSY (@themapsy) on

3. Какви посебни моменти сакаат да овековечат клиентите, на кои детали обрнуваат внимание при нивните побарувања и каква инспирација црпиш од нивните приказни?

Во денешно време станува сè потешко кога треба да се одлучи што треба да се подари за некоја пригода, било да е тоа роденден, годишнина, свадба или за новороденче. Сите тие работи кои стандардно се купуваат се на некој начин привремени, па сакав да креирам нешто што ќе трае долго, нешто што нема да се скрши, да се износи или да избледи, нешто што ќе буди насмевка и убави сеќавања. Клиентите најчесто бираат дизајни за да овековечат принова, годишнина или нечиј роденден. MAPSY постер сликите се совршен и несекојдневен подарок за секоја пригода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MAPSY (@themapsy) on

4. Што ти е најтешко за изработка и со која твоја креација си најгорда?

Секоја работа си има своја тежина и секоја креација бара и одзема време. Горда сум буквално на сите креации, а ако сакате да издвојам една тоа би била најновиот дизајн STARS & MOON на колекцијата THE STARS.

5. Дали е доволна промоцијата на социјалните мрежи и дали добро се заработува од тоа? Колкава е заинтересираноста за овие производи?

Бизнис без промоција и маркетинг не е бизнис. Денес, сè се одвива на социјалните мрежи и бара многу промовирање доколку сакате да бидете видени и забележани. Овој вид производи се многу актуелни во Америка, а во последниве 2 години почнаа да бидат популарни и во Македонија. Заинтересираноста расте секој ден сè повеќе и повеќе и мора да кажам дека дизајнот THE STARS е еден од нашите најпродавани производи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MAPSY (@themapsy) on

6. Каков е процесот на нарачка и колку време е потребно за да се изработи една слика?

MAPSY нуди 2 опции за нарачки и купување.

Првата опција (стандардно или примарно купување) подразбира дека ние ја персонализираме сликата, ја печатиме и ја доставуваме.

Втората опција (секундарно купување) подразбира дека ние ја персонализираме сликата, потоа им ја испраќаме на клиентите на и-меил во PDF-формат со висока резолуција и тие сами си ја печатат сликата.

За нарачка е потребно да испратат која е колекцијата што ја сакаат и потоа да ги напишат потребните податоци (на пример: датум, час, текст, град и сл.), сè во зависност од тоа за која колекција се работи. Сликите се готови за 2 дена, но некогаш може да одземе и повеќе време во зависност од обемот на нарачките што ги имаме во тој момент.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MAPSY (@themapsy) on

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар