7 правила кои ќе ви помогнат полесно да ги преживеете претерано топлите летни денови

Дневните температури веќе секојдневно надминуваат 35 степени и токму тоа на многумина им предизвикува проблеми при завршувањето на секојдневните активности. Ние се потиме, исцрпени сме и нервозни. Па, погледнете што треба да направите со цел полесно да се справите со високите температури, без разлика каде се наоѓате.

7 правила кои ќе ви помогнат полесно да ги преживеете претерано топлите летни денови

1. Избегнувајте директно изложување на сонце

Без разлика дали сте на море или во град, избегнете директно изложување на сонцето, особено во периодот помеѓу 11 и 15 часот кога има највисоко ултравиолетово зрачење. Доколку навистина мора да излезете, носете соодветна облека и заштита на главата.

2. Заштита од сонце

Сите изложени делови од кожата намачкајте ги со крема за сончање која има барем заштитен фактор 15. Не заборавајте да ги намачкате ушите, задниот дел од вратот и очните капаци.

3. Заштитете ги очите

Ултравиолетовите зрачења можат негативно да влијаат и врз нашите очи, па токму затоа е потребно и тие соодветно да се заштитат. Истражувањата покажале дека негативните последици од сонцето можат да се избегнат лесно доколку носите очила за сонце со вградени филтри против ултравиолетово зрачење. Одбирајте поголеми модели кои покриваат што поголем дел околу вашите очи и кои спречуваат продирање на зраците од страна.

4. Пијте доволно течности

Една просечна личност во текот на денот треба да испие 8 чаши обична вода, а кога е изложена на високи температури и многу повеќе течности со цел да остане хидрирана. Каде и да одите, секогаш имајте шише вода на дофат и не заборавајте дека најдобро ќе ве олади млака обична вода.

5. Немојте да претерувате со вежбање

Вежбањето на високите температури дополнително ја зголемува температурата на телото што предизвикува потење и дехидрација. Поради тоа може да дојде до грчење на мускулите и истоштеност, а во најлош случај дури и до топлотен удар. Ограничете ги активности со кои се бавите во текот на денот и избегнувајте дури и обична прошетка во најтоплите часови.

6. Затемнете го вашиот дом

Спречете ја топлината да влезе во вашиот дом, особено ако поголемиот дел од него е насочен кон исток. Најдобро е да ги спуштите ролетните на прозорците, како и да ги исклучите сите кујнски апарати кои генерираат топлина.

7. Не претерувајте со уредите за ладење

Доколку имате потреба дополнително да го оладите вашиот дом со вентилатор или клима уред, секогаш внимавајте разликата помеѓу надворешноста и внатрешноста да не надминува 7 степени со цел да не го изложите вашето тело на шок при излегување/влегување.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар