Колку е здраво да се јаде туршија?

Во период кога нема многу свеж зеленчук на пазарите, зимницата е задолжителен дел од сечија трпеза. Тоа е еден од најстарите начини на конзервирање на зеленчукот, но прашање е колку при тоа тој успева да ја задржи својата хранлива вредност?

Колку е здраво да се јаде туршија?

При правењето туршија доаѓа до одредени промени во вкусот и текстурата на зеленчукот, поради бактериите кои се создаваат при вриењето на млечната киселина. Овие бактерии го покачуваат количеството на млечна киселина во зеленчукот на сметка на скробот, шеќерите и витамините, но имаат и добра страна – помагаат во варењето на храната, апсорбирањето на хранливите состојки на храната, а ги штитат и цревата. И покрај намалувањето на хранливата вредност на зеленчукот од туршијата, таа сè уште е еден од најважните извори на витамини и минерали во зимскиот период. Така на пример, 100 грама кисела зелка ќе ве снабди со 3 грама јаглехидрати, 1,7 грама протеини, 0,2 грама масти, 1,6 грама целулоза, 715 милиграми натриум, 232,2 милиграми калиум, 0,5 милиграми железо и 16 милиграми витамин Ц.

Колку е здраво да се јаде туршија?

Лошата страна на туршијата е големото количество натриум кој го содржи. Солта и другите адитиви кои се додаваат при нејзината поготовката, се причина таа да не се препорачува на оние кои имаат срцеви проблеми, висок крвен притисок, проблеми со бубрезите, чир во желудникот или воспаленија на системот за варење.

Затоа нутриционистите препорачуваат туршијата да се припрема со што е можно помалку сол и без никакво користење на адитиви и конзерванси. Вака конзервираниот зеленчук е одличен за консумација и е пожелно да се јаде што почесто. Сепак, доколку веќе сте ја приготвиле туршијата за оваа зима, препорачливо е пред консумирањето да ја измиете со чиста вода, со што ќе се елиминира еден дел од солите кои ги содржи.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Јас Reply

    Бре бре, нутриционистите нека јадат туршија без конзерванс и измиена

Остави коментар