3 одговори на прашањето „Дали среќата се купува со пари?“

Според резултатите од едно неодамнешно истражување, подобрувањето на материјалната состојба не ни помага да бидеме посреќни. Научниците од Универзитетот Колумбија и Универзитетот во Мичиген дошле до навистина интересни податоци. Имено, иако парите не можат да нè направат посреќни, можат да ја намалат тагата.

3 одговори на прашањето „Дали среќата се купува со пари?“

Елизабет Дан, Костадин Кушлев и Ричард Лукас кои учествувале во истражувањето, објасниле дека подобрата материјална положба го олеснува изборот на нешта што можеме да ги правиме од лично задоволство. Токму поради ова богатите луѓе се чувствуваат помоќно. Па, погледнете колку парите можат да влијаат врз вашата среќа.

1. Парите влијаат на одредени видови среќа

Среќата која доаѓа како резултат од парите, односно од материјалните нешта, може да се опише како краткотрајна. Истражувачите го опишале ова чувство на среќа како „недостаток од тага“. Воглавно, благодарение на парите, колку-толку ќе бидете задоволни од вашиот живот. Исто така, парите ја намалуваат болката и лошото чувство кое доаѓа со неуспехот.

2. Ако со пари не може да се купи среќа, тогаш со среќа можете да привлечете пари

Иако сме свесни дека среќата и парите се во некаков однос, не можеме да тврдиме дека се целосно поврзани. Сепак, иако недостатокот од пари не прави да се чувствувате тажно, самата тага може да ја намали желбата да се обидете да ја подобрите вашата материјална состојба.

3. Можете да контролирате колкаво е влијанието на парите врз вашата среќа

Според научниците, најсреќни ќе бидете кога ќе ги трошите парите на други личности. Сепак, уште посреќни ќе бидете ако наместо пари, во вашите односи со емоционална природа вложите дел од вашето време.

Што мислите, колку пари ни се доволни за да бидеме среќни?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар