Каква фризура најдобро ви прилега?

Постојат многу стилисти кои навистина умеат одлично да ви ја средат косата, но проблемот е како да знаете кој е вистинскиот за вас?

Каква фризура најдобро ви прилега?

Наместо да размислувате во кој салон да закажете потстрижување, внимателно погледнете го обликот на вашето лице во огледало и констатирајте кој од овие 4 облици најмногу се совпаѓа со вашиот. Пронаоѓањето на фризура која убаво ќе прилега на вашето лице, е  клучот за да изгледате помладо и посвежо, а воедно и ќе ги прикрие вашите недостатоци.

Овално лице

Жените кои имаат сразмерни пропорции на лицето, можат да експериментираат бидејќи им стои буквално секаква фризура. На јајцевиден облик на лице, прекрасно прилегаат и крената асиметрична фризура и пуштена „слободна“ коса. Ако вие сте едни од нив, совршено ќе ви прилега убаво исправена коса со преса, исчешлана на средишен патец. Едноставна и сјајна, пегланата коса не прилега на секој, но изгледа одлично на жените со овално лице.

Каква фризура најдобро ви прилега?

Коцкесто лице

Девојките кои имаат поголеми коски на лицето, треба да носат фризура која ќе направи лицето да им изгледа потесно. Нема да погрешите доколку се решите за фризура со крупни кадрици и голем волумен, бидејќи таа ќе направи лицето да изгледа потесно. Воедно, кадриците ги ублажуваат острите црти на лицето. Стилистите, на жените со ваков облик на лицето, им препорачуваат да носат и пораснати шишки до рамена кои успешно ја прикриваат широката вилица.

Каква фризура најдобро ви прилега

Срцевидно лице

На девојките кои имаат тесно лице и поистакната брада, им прилега разбушавена коса, потстрижена до врат. Големиот број ситни кадрици со средна должина, ќе прилегаат одлично на срцевидниот облик на лице и ќе направат тоа да изгледа позатегнато. Исто така, нема да погрешите ако направите рамни шишки, симетрично распоредени на челото, бидејќи тие ги ублажуваат цртите и визуелно ја намалуваат должината на лицето.

Каква фризура најдобро ви прилега?

Тркалезно лице

За да му дадете симетрија на вашето лице, направете остар патец налево и благо накадрени праменчиња. Странично потстрижени шишки во емо стил, прилегаат убаво на тркалезно лице, бидејќи ја „разбиваат“ симетријата и ги истакнуваат коските на лицето. Ако имате ваков облик на лице, одлично ќе ви прилега и високо поткрената вечерна фризура, затоа што висината не го истакнува кружниот облик на лицето, туку напротив прави тоа да изгледа покоцкесто.

Каква фризура најдобро ви прилега?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар