Како жените одлучуваат дали ќе започнат врска со некого?

Секоја жена на почетокот од врската се наоѓа во ситуација кога треба да процени дали тој однос има перспектива и дали ќе се впушти во интимни односи со новиот партнер. Ако некогаш сте се прашувале кои се квалитетите што жените најмногу ги бараат кај мажите, ова истражување ќе ви ги даде клучните одговори. Списанието „Sunshine“ анкетирало повеќе од 2.000 жени на возраст од 18 до 35 години кои ги откриле најпосакуваните особини кај спротивниот пол.

Како жените одлучуваат дали ќе започнат врска со некого?

Кога се работи за изгледот, карактерот и парите, 89% од жените се согласиле дека најважен им е карактерот, односно дека карактерните особини на човекот претставуваат основа за сѐ друго. Прочитајте ги резултатите од истражувањето во целост…

  • Карактер – 89%
  • Финансиска сигурност – 77%
  • Добар изглед – 75%
  • Желба за патување – 69%
  • Добра смисла за хумор – 62%
  • Желба да основа семејство еден ден – 50%
  • Добар автомобил – 47%
  • Сексуално искуство/либидо – 44%
  • Комуникативност и дружељубивост – 41%
  • Животни цели и амбиции – 38%

Што мислите вие? Се согласувате со резултатите од анкетата?

Во продолжение прочитајте какви карактерни особини имаат вистинските мажи.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар