Како да ја зачувате бојата на фармерките?

Фармерките, особено оние од темен тексас, после одредено време почнуваат да избледуваат. За да го избегнете ова, пробајте да се придржувате на овие 5 клучни правила.

Како да ја зачувате бојата на фармерките

1. Во вода додадете поголема количина сол и потопете ги фармерките во неа. Оставете ги да отстојат околу саат време, а потоа исперете ги во машина за перење. Без разлика дали сега сте ги купиле или веќе ги имате носено неколку пати, оваа постапка ја фиксира бојата.

2.  Новите фармерки исперете ги со оцет. Додадете една шолја алкохолен оцет во преградата за детергент, а фармерките исперете ги на програма за ладно перење без детергент и омекнувач. Оцетот исто така ја фиксира бојата.

3. Фармерките секогаш перете ги превртени наопаку и секогаш со темна облека.

4. Перете ги само на ниски температури, а доколку имате време најдобро е да ги перете на рака. Потопете ги во ладна вода со детергент за перење и оставете ги 15 минути да отстојат, па потоа исперете ги. Топлата вода побрзо ја вади бојата.

5. Избегнувајте да ги сушите фармерките во сушилница. Високите температури го оштетуваат материјалот, а покрај губењето на бојата, може и да се деформираат фармерките.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар