Каде најмногу грешите додека се обидувате да ослабете?

Доколку сакате да ја достигнете вашата идеална линија, а потоа и да ја одржите вашата тежина, треба да го смените животниот стил. Она што е неопходно за да стигнете до посакуваната цел е да ги избегнувате нездравите намирници, секојдневно да вежбате и доволно да спиете.

Каде најмногу грешите додека се обидувате да ослабете?

Многумина најголемата грешка ја прават обидувајќи се за кусо време да изгубат голем број килограми, па токму затоа ви ги претставуваме најголемите грешки кои се прават при слабеењето.

Изгладнување

Ова е најчестата грешка, која многумина ја прават обидувајќи се да постигнат големи резултати. Со изгладнувањето настанува мачење на мускулното ткиво и на целото тело, што може да резултира со голем број промени на метаболизмот, а не е исклучена можноста и да покачите некое кило плус. Сите доктори и експерти често потсетуваат дека сите екстремни диети се лоши за здравјето и невозможно е да се издржат на долг рок.

Таблети, шејкови и многу други препарати за слабеење

Колку и да имаат привлечна и добра реклама, атрактивна продавачка која и самата ги „користи“ производите и одлични препораки и искуства од претходните корисници, за жал сѐ уште не постои магична таблета, шејк или прашок кој може да ви ги скрати маките со вишокот килограми. Токму затоа не фрлајте ги вашите пари џабе, а инвестирајте ги во здрава храна, справа за вежбање или личен тренер.

Каде најмногу грешите додека се обидувате да ослабете?

Потење преку пасивност

Доколку пријателката ви раскажала дека ослабела 2 сантиметри во струкот со секојдневно одење во сауна, не летајте се веднаш и вие да пробате. Вештачкото потење во сауна или замотувањето со целофанска фолија, нема да ве ослободи од масните наслаги. Потењето е добар показател, но само доколку се работи за потење поради вежби, а не седејќи во сауна.

Еднолична исхрана

Најверојатно сите сте чуле за диета која препорачува внесување само на одредена храна во организмот. Токму затоа голем број од луѓето веруваат дека едноличната исхрана ќе им помогне во постигнувањето на идеалната тежина, но со тоа можете да го постигнете само спротивното. Последните истражувања покажале дека најдоследен начин за губење килограми и одржување на посакуваната тежина е комбинацијата од разновидна здрава храна и редовно вежбање. Доколку исклучите едно од овие нешта џабе си го трошите времето.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар