Фотографии кои морате да ги направите со вашето бебе

Сите нови родители се среќни што создале толку совршено мало, екстра слатко бебенце. Но, додека да трепнете, тоа ќе порасне и нема веќе никогаш да биде малечко. Затоа, дур е сѐ уште време, направете фотоалбум кој во секој момент од вашите животи ќе предизвика смеа, солзи, радости и навраќање на семејните спомени. Прочитајте ги 14-те начини како да го сликате вашето новородено бебе, за да ги документирате најсреќните моменти од вашето новоформирано семејство.

1. Стапалата на целото семејство

Навистина е тешко да се збере целото семејство на куп, да седат сите мирно, да гледаат во апаратот и да се смешкаат. Затоа, не се ни обидувајте! Легнете сите на кревет и дозволете им на вашите стапала да ја играат главната улога во фотографијата.

Фотографии кои морате да ги направите со вашето бебе

2. Сите стуткани во еден кревет

Најсмешните и најинтересните семејни моменти се случуваат кога целото „гнездо“ се излежува во кревет. Не трудете се да гледате во фотоапаратот или да изгледате совршено. Само легнете, при што некои од вас нека лежат со телото свртени кон перницата, а другите во обратна насока. Замолете некој ваш пријател да ве слика од птичја перспектива.

Фотографии кои морате да ги направите со вашето бебе

3. Пред и по бременоста

Ова е многу интересна фотографија. Првиот дел се прави во третото тримесечје од бременоста, кога мешето на идната мајка е најголемо, а вториот дел откако бебето ќе се роди. Плус, испраќањето на оваа фотографија до вашите пријатели, е идеален начин да им кажете дека бебето е родено и ги чекате на мекици.

Фотографии кои морате да ги направите со вашето бебе

4. Допир со носињата

Споредбата на малото бебешко лице со големото лице на родителот, е навистина слатка и прекрасна.

Фотографии кои морате да ги направите со вашето бебе

5. Слатки соништа

Пред бебињата да почнат да се смеат, тие се смешкаат додека спијат. Тоа е навистина глетка која го топи срцето.

Фотографии кои морате да ги направите со вашето бебе

6. Татино бебенце

Силните машки раце кои држат мало слатко бебе, е слика доволно впечатлива сама по себе. Дури нема потреба ни да им се гледаат главите.

Фотографии кои морате да ги направите со вашето бебе

7. Спој на две генерации

Знаете што ќе придонесе вашето ново, прекрасно бебе, да изгледа уште поневеројатно? Моментот кога него ќе го држи в раце, најстариот член од вашето семејство. Овековечете го овој момент во незаборавна фотографија.

Фотографии кои морате да ги направите со вашето бебе

8. Пенлива фотосесија во бањата

Колку е само сладок спојот од бебе и меури од сапун. Ставете меко и нежно пешкирче под главата на бебенцето, за тоа да се чувствува удобно и среќно. Немојте да очекувате дека првото капење на вашето бебе ќе биде толку слатко. Дадете му шанса прво да се навикне на чувството во вода, но имајте го фотоапаратот при рака, кога тоа ќе се случи.

Фотографии кои морате да ги направите со вашето бебе

9. Мамина маза

Има нешто специјално во начинот на кој новата мајка го набљудува своето бебенце. Фотографирајте го и овој момент.

Фотографии кои морате да ги направите со вашето бебе

10. Фотка со постарото братче/сестриче

Постанувањето постар брат или сестра е голема вест. Фотнете го моментот кога вашите две деца првпат ќе се видат. Едноставно сместете ги на некое удобно и безбедно место и дозволете им да почнат да се зближуваат.

Фотографии кои морате да ги направите со вашето бебе

11. Смешна бебешка фаца

Намигнување, лигавење, смешкање, правење гримаси… Бебињата прават неограничен број смешни фаци, кои вреди да се овековечат.

Фотографии кои морате да ги направите со вашето бебе

12. Оставете го да јаде торта

Првите неколку родендени на вашето детенце не треба да бидат уредни и отмени. Ставете ја тортата пред славеникот, тргнете се настрана, насочете ја камерата кон него и оставете го да ја направи пуздер.

Фотографии кои морате да ги направите со вашето бебе

13. Бебето и домашното милениче

Две убави нешта можат да креираат само нешто уште поубаво. Здружете го бебенцето со вашето домашно милениче и направете незаборавни фотографии.

Фотографии кои морате да ги направите со вашето бебе

14. Утринско протегнување

Се прашувате која е најсмешната фаца која може да ја направи вашето бебе? Почекајте додека да го видите како се тегне.

Фотографии кои морате да ги направите со вашето бебе

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар