Елегантни и модерни парчиња облека со кои секоја ваша модна комбинација ќе биде полн погодок

Доколку не знаете што отприлика значи елегантно и модерно парче облека, тогаш ова е одлична прилика. Станува збор за модел што има можност самиот по себе да ја направи целата комбинација занимлива, оригинална и впечатлива. Тоа може да биде кое било парче облека, некое здолниште, фустан, некој моден детаљ, парче накит, или можеби некоја кошула или блуза. Во продолжение откријте со кои избори никогаш нема да погрешите!

0-elegantni-i-moderni-parchinja-obleka-so-koi-sekoja-vasha-modna-kombinacija-kje-bide-poln-pogodok-www.kafepauza.mk_

1. Без разлика за каков модел станува збор – блуза, кошула или маица, ако е со металик боја и материјал, секогаш ќе биде вашиот најдобар и најлесен пат до уникатна модна комбинација. Овие модели самите по себе се впечатливи, па така нема да ви бидат потребни некои други детали или аксесоари за да ја надополните целата комбинација.

1-elegantni-i-moderni-parchinja-obleka-so-koi-sekoja-vasha-modna-kombinacija-kje-bide-poln-pogodok-www.kafepauza.mk_

2. Еден од моментално главните и водечки трендови се широките ракави, кои се шират некаде од лактите. Ова е еден вид барок стил во светот на модата, бидејќи таквите ракави биле популарни на балските фустани во тоа време, но сега повторно се појавија во сосема поразлично издание и изгледаат одлично, а освен тоа, дури и на еднобојните модни комбинации им даваат совршен изглед.

2-elegantni-i-moderni-parchinja-obleka-so-koi-sekoja-vasha-modna-kombinacija-kje-bide-poln-pogodok-www.kafepauza.mk_

3. Голото рамо секогаш било посексапилно од што било друго, како и голиот грб. Па, таквите горни делови, кошули и блузи, кои се без еден ракав, секогаш се парчиња облека кои се добредојдени за да го „зачинат“ целокупниот стил и да му дадат еден посебен печат на целосниот изглед и самата личност.

3-elegantni-i-moderni-parchinja-obleka-so-koi-sekoja-vasha-modna-kombinacija-kje-bide-poln-pogodok-www.kafepauza.mk_

4. Истото важи и за различните, необични начини на кои можете да ја носите и комбинирате најобичната кошула. Не мора таа секогаш да биде закопчана до грло, со закопчани и спуштени ракави, бидејќи всушност овозможува голем број можности за да ја искористите како еден доста тренди детаљ. Секогаш можете да откопчате едно копче повеќе или да ја направите вашата комбинација позанимлива со тоа што ќе ја облечете кошулата наопаку, така што делот со петелки да биде одзади. Сѐ е дел од вашиот стил и креативност, па обидете се да го изразите.

4-elegantni-i-moderni-parchinja-obleka-so-koi-sekoja-vasha-modna-kombinacija-kje-bide-poln-pogodok-www.kafepauza.mk_

5. Уште едно елегантно и модерно парче облека се и полу-ролките од чипка. Иако најчесто имаат едноставен крој, заради проѕирниот материјал и занимливоста на чипката, на секоја ваша модна комбинација ќе ѝ дадат поразличен изглед и секогаш ќе изгледаат како нешто ново. Толку се модерни што можете да ги комбинирате со обични фармерки и сандали, а за возврат да добиете комбинација како од модните писти.

5-elegantni-i-moderni-parchinja-obleka-so-koi-sekoja-vasha-modna-kombinacija-kje-bide-poln-pogodok-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар