Дали ниските температури предизвикуваат настинка?

„Облечи се повеќе, ќе настинеш“ е можеби најчестата реченица која секој ја слуша од своите родители, посебно кога надвор има пониски температури. Покрај родителите, во истото пробуваат да нè убедат и различните ТВ серии, филмови, па дури и анимираните.Дали ниските температури предизвикуваат настинка?Но, за наша среќа науката открила дека ништо нема да ни се случи ако излеземе надвор без јакна. Сè уште не постои доказ кој ја поврзува ниската температура со зголемување на можноста да „фатиме“ еден од над 200-те вируси кои можат да ја предизвикаат таа инфекција.

Настинките се пренесуваат од личност на личност, односно ако преку кивање се пренесе вирусот до носот на личноста која била во непосредна близина. Настинката е најчеста во зима бидејќи студот ги тера луѓето да бидат повеќе затворени во топли простории каде што има ограничена вентилација и поблиска изложеност на оние кои веќе го поседуваат вирусот во себе.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар