Љубовта подразбира напорна работа – не можете едноставно да си заминете кога ќе стане тешко!

Љубовта подразбира напорна работа – не можете едноставно да си заминете кога ќе стане тешко!

Љубовта треба да има сладок, шеќерен, а не горчлив, скапан вкус. Таа треба да ви го направи животот поубав, не полош. Треба да ви овозможи да искусите нешта коишто не сте ги почувствувате претходно. Треба да ви помогне да достигнете височини коишто не сте ни знаеле дека постојат.

Љубовта подразбира напорна работа – не можете едноставно да си заминете кога ќе стане тешко!

Љубовта треба да го извади најдоброто од вас и да ви помогне да растете. Треба да ве мотивира да се отворите и да го погледнете светот низ леќи со облик на срце. Но, љубовта исто така подразбира и вложување многу труд и пожртвуваност за другиот.

Добрите љубовни врски не се случуваат преку ноќ. Кога сакате некого, се борите со сето ваше битие за да го заштитите она што го имате. Успевате да излезете на крај со работи во коишто лично не уживате. Прифаќате да правите компромиси за доброто на врската. Со задоволство ги загрнувате промените, бидејќи знаете дека тоа е единствениот начин да се движите напред.

Не си заминувате од врската преку ноќ, само бидејќи сте искусиле некаква драма со партнерот. Не можете да се преправате дека љубите некој и да избегате со брзина на светлината од таа врска, секојпат кога ќе имате мала кавга. Љубовта не функционира на тој начин.

Вие сте или дел од неа и во добро и во лошо, се држите за дланки и бестрашно поминувате низ ураганите или воопшто не се ни врзувајте.

Жал ни е што мораме да ве соочиме со суровата реалност, но љубовта никогаш нема да биде само розови неба, топли прегратки, безгрижни романтични утра и пријатни ноќи. Дел од секоја љубовна врска е и болката, тагата, гневот, солзите, драмата и кавгите, а ако навистина ја сакате личноста којашто е покрај вас, ќе направите сè што можете за да ги надминете тешките времиња.

Знаете, кога искрено љубите некого, не се откажувате од него/неа на првиот знак на тешкотија и непријатност. Не фрлате сè што имате и сте граделе заедно, поради едно глупаво несогласување. Едноставно не дозволувате врската да ви се распадне поради некој бесмислен аргумент.

Кога навистина сакате некого, вие седнувате сериозно да поразговарате сè додека не го разрешите секој проблем. Можеби ќе се скарате, ќе викате, ќе плачете, но нема никогаш да се откажете. Му давате шанса на партнерот да ги објасни своите постапки. Ги споделувате меѓусебно вашите мислења и ставови. Предлагате да направите компромис. Размислувате за сè што секој од вас може да направи, во насока на подобрување на врската. Дискутирате за важните нешта сè додека не изгрее сонцето и одново не падне ноќта. Што и да произлезе од муабетот, нема да се откажете без борба. Нема, ако ви е грижа за таа личност.

Кога сакате некоја личност, ама навистина ја сакате од сета длабочина на вашето срце, вие се држите до неа. Не се појавувате само кога вас ви е погоден моментот. Не ја држите раката на партнерот кога тој/таа се чувствува супер, а потоа да го/ја напуштите кога е мизерен/на. Не исчезнувате кога сте ѝ потребни на љубената личност и дефинитивно не се појавувате само кога вие имате потреба од него/неа.

Кога вистински љубите некој, не дозволувате да поминува низ животот сам/а. Без разлика дали партнерот во моментот искусува нешто болно или среќно, вие треба да бидете покрај него, да му ја држите раката и да го потсетите дека сè ќе биде во ред. Не дозволувате љубената личност сама да страда. Вие сте во ова заедно! Кога навистина сакате некого, верувате дека што и да се случува во моментот, сè додека се чувате еден со друг, ќе можете успешно да го надминете!

Може да ве интересира да откриете и како да знаете кога станува збор за вистинска љубов?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар