Чоколаден намаз со кикирики

Уште еден доказ дека чоколадото и кикириките се најдобри пријатели

Чоколаден намаз со кикирикиПотребно е:

  • 2 шолји непечени, лупени  кикирки
  • 1/2 шолја какао
  • 1 1/4 шолја шеќер во прав
  • 1 лажичка сол
  • 3 лажици масло

Подготовка: Рерната загрејте ја на највисоката температура која ја има. Во тавче за печење, ставете хартија за печење и истурете ги кикириките. Распоредете ги рамномерно и печете ги 10 минути додека не почнат да добиваат кафена боја. Чоколаден намаз со кикирикиЧоколаден намаз со кикирикиЗа тоа време, промешувајте ги неколку пати за да не загорат. Кога ќе бидат испечени, кикириките ставете ги во процесор за храна и мелете ги 5 минути додека не бидат во речиси течна состојба. Ако смесата стане многу густа, ставете малку вода за да стане полу-течна. Чоколаден намаз со кикирикиПотоа, додајте ги какаото, шеќерот, маслото и солта и мешајте во процесорот. Чоколаден намаз со кикирикиЧоколаден намаз со кикирикиГотовиот намаз ставете го во пластичен или стаклен сад и оставете го преку ноќ во фрижидер. Чоколаден намаз со кикирикиНаредниот ден, кога намазот ќе биде ладен и цврст, намачкајте го на парче леб. Внимавајте, овој намаз создава зависност :)Чоколаден намаз со кикирики

За авторот

Поврзани содржини

  1. Edna dama Reply

    Sekako najdobri ova sp 10000 kalorii na nego kolku i da e ubavo ne go jadam :)

  2. gabi Reply

    haha pa ti ne go jadi i onaka moze si polna so kalorii 😀 ne se vregaj! pozdrav!

  3. Виктор Reply

    А место вода може у кикирикте да се стави млеко?! :)

  4. МЕ ГУСТА Reply

    А ДА ИДЕШ У ПРОДАВНИЦА И ДА СИ КУПИШ НУТЕЛА?????

Остави коментар