Чекори од „загубената генерација“

Автор: Ана

Генерации, стари, млади. Сите чекориме по истиот пат, го живееме истото искуство, некој плус, некој минус, некој научил повеќе, некој помалку, зависно од културната мудрост. Но сите сме тука, на истото место каде биле и нашите предци, ние нивните поколенија. Учејќи од чекорите на генерациите пред нас и повторувајќи некои од нив, се гради кула од паметни изреки. Големи чекори кои смениле многу човекови гледишта, но оставиле и закржлавени, непотребни дејствија кои ја нишаат истата таа кула.Чекори од „загубената генерација“Секоја генерација со своја тема, свој животен стил, а кога ќе погледнеш подлабоко во спомените, сепак толку слични едни на други. Сите тие генерации имаат своја мода, нешто актуелно и нешто аутсајдерско. И генерациите пред нас се бореле за општествен статус, за место меѓу толпата луѓе, па кој како се изборувал за некоја позиција, оставал свои креации, кои до ден денес и ние ги почитуваме. Музика, уметност, мода, начин на размислување и движење. Ретро.

Сите овие работи го градат она што всушност не поврзува едни со други, без разлика на тоа кој во кое време живеел. На крајот, сепак, сите сме во оваа една сегашност.

Секој еден од нас има преземено нешто од своите родители, нешто што го носи во себе, нешто што не губи вредност, нешто што се подарува од поколение на поколение…

На пример, бившо-југословенските простори… Нема еден од нас кој не ја слушнал приказната за животот тогаш. Нема еден од нас кој не испочитувал сè што тогаш било создадено. Поминати толку години, а ние сè уште ги слушаме Леб и Сол, Рибља Чорба, Црвена Јабука, Бјело Дугме, Здравко Чолич, Парни Ваљак, Маја Оџаклиевска, Зафир Хаџиманов и уште многу други артисти и уметници чие дело ќе остане во книгата за помнење уште долги години.

Некои работи се менуваат драстично, некои работи се менуваат со текот на времето, но некои и остануваат онакви какви што биле пред  десетици години. Токму тие се синџирот кој не поврзува и повлекува сите, без старосни граници на едно место.

Тоа се оние чекори на „загубената генерација“ по која се водат многу наредни.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Milan Reply

    fala :)

Остави коментар