7 правила без исклучок во шминкањето

Се разбира дека може да експериментирате со шминката. Но, постојат неколку правила од кои едноставно нема исклучок.7 правила без исклучок во шминкањето

1. Никогаш не нанесувајте премногу пудра

Ова е прво и основно правило кое многу жени свесно го прекршуваат, мислејќи дека пудрата не ги покрива до крај недостатоците на нивното лице. Запомнете, дури и најдобрите и најсоодветни пудри, не се со иста нијанса како бојата на вашата кожа. Кога нанесувате пудра гледајте таа да биде убаво и внимателно размачкана на целото лице сè до горниот дел од вратот. Пред да излезете од дома, погледнете се во огледало на природно светло за да бидете сигурни дека не сте оставиле неразмачкани делови или пак сте нанеле предебел слој кој ќе ги заплашува или уште полошо, ќе ги засмева луѓето во вашата околина како да е 1 април.7 правила без исклучок во шминкањето

2. Не истакнувајте ги премногу веѓите

Да најдете боја која ќе одговара на вашите веѓи е навистина голем предизвик. Моливот за веѓи понекогаш може да биде прејак, па затоа пробајте со крем-сенка која ќе ја нанесете со четкичка закосена под агол. Ова ќе овозможи нанесување на соодветната количина за да постигнете природен изглед и здрав сјај.7 правила без исклучок во шминкањето

3. Не претерувајте со моливчето за усни

Цртањето на усните надвор од нивната природна линија може да изгледа добро на познатите кои излегуваат на насловните страници во списанијата или позираат на црвениот тепих. Но, во секојдневието, оваа тактика едноставно не проаѓа незабележано, во негативна смисла. Ако претерате, ќе постигнете ефект на кловн, наместо оној посакуваниот. Доколку сакате да постигнете ефект на полни усни, нанесете светкав сјај по средината. За подобар ефект, изберете нијанса, која е блиска до природната боја на вашите усни. Темните бои повеќе го привлекуваат вниманието на обликот и дебелината на вашите усни. Затоа избегнувајте ги.7 правила без исклучок во шминкањето

4. Не истакнувајте ги премногу очите преку ден

Моливот за очи е одличен за истакнување и „отворање“ на вашиот поглед. Но, постои разлика во неговото користење како дневна шминка за на работа и за навечер. Зачувајте ги силните нијанси за вечерните излегувања, а за преку ден можете да практикувате замачкан ефект од неутрални, кафени и сиви тонови на горниот капак од очите.7 правила без исклучок во шминкањето

5. Не третирајте го лицето како торта

Во оваа категорија влегуваат оние со мрсно лице и лице со акни, кои доколку претераат со течната и камената пудра, може да бидат предмет на потсмев. Пред да побрзате да нанесете нов слој пудра за да направите корекција, извадете хартиено марамче и убаво впијте ги вишокот маснотии кои избиле од лицето во текот на денот. Можеби ќе видите дека подобро е воопшто да не нанесувате нов „фил на тортата“.7 правила без исклучок во шминкањето

6. Избегнете ефект на дух на фотографиите

Можеби сакате да се заштитите од јакото сонце, но вашата шминка на фотографиите создава блед изглед на вашето лице (дух ефект), кое значително се разликува од тенот на останатиот дел од кожата. Причината лежи во пудрите со титаниум диоксид, цинк оксид или заштитните креми без хемикалии. Секако дека треба да се заштитите од сонцето, но доколку сакате природен изглед на летните фотки, избегнувајте козметички средства со овие активни состојки или пак сосема прескокнете ја камената пудра и задржете се само на течната основа.7 правила без исклучок во шминкањето

7. Не купувајте шминки импулсивно

Продавачката ќе направи сè за да ви го продаде производот. Не наседнувајте ако не сте сосема сигурни во изборот. Шминките брзо се расипуваат, а вие сигурно не сакате да имате куп козметика со поминат рок или закоравени маскари и тушеви. Купувајте квалитетно и одбирајте внимателно. Боите никогаш не изгледаат исто под неонското светло и на природна светлина. Излезете за момент надвор од продавницата со огледало. Повеќето продавачки ќе ви дозволат.7 правила без исклучок во шминкањето


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук..

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар