Емоционална интелигенција – клуч за успешен живот

Емоционална интелигенција – клуч за успешен живот

Емоционална интелигенција е способност да ги контролирате и употребувате вашите емоции во конструктивни и продуктивни цели. Таа е основа за да бидете одличен лидер и да градите успешни врски со луѓето околу вас. Емоционалната интелигенција е вашата способност ефикасно да комуницирате, потпирајќи се на сопствената интуиција, притоа инспирирајќи ги другите на начин што нема да „излегувате од колосек“ кога ќе се вознемирите во текот на некоја напната ситуација, туку ќе реагирате пристојно. Емоционална интелигенција - клуч за успешен животЗа да имате некаква корист од вашата емоционална интелигенција, мора да бидете самосвесни. Во општество фокусирано на политиката, големината на месечните приходи, бројот на продадени производи во вашата фирма или зголемување на цената на основните прехранбени продукти, самосвеста не е главен приоритет во животот на луѓето, што е погрешно. Подобро е да ви стане приоритет број 1, пред да почне да ве чини пари или да им наштети на врските кои секојдневно ги градите со другите.Емоционална интелигенција - клуч за успешен животЗошто е толку важно да поседувате емоционална интелигенција? Едноставно кажано – бидејќи ја потхранува вашата самодоверба. Сигурноста во себе ја зголемува вашата самосвест да живеете живот кој има значење и да сте способни да постигнувате цели, кои ќе му дадат уште поголема вредност. Па, доколку сметате дека вашите реакции во одредени ситуации се очигледно неефикасни и не ве исполнуваат, тогаш обидете се да ја подобрите вашата емоционална интелигенција, на ист начин како што ги градите другите ваши вештини, преку учење и вежбање.
.

Како да ја подобрите вашата емоционална интелигенција?

  • Прво, идентификувајте ја вашата емоција во моментот додека ја чувствувате или кратко после тоа и именувајте ја (пр. гнев, фрустрација, задоволство, страв, тага, осаменост, љубов, конфузија итн.)
  • Потоа размислете кој фактор ја предизвикал таквата емоција. Можеби некој спомен од минатото, конфликтот кој го имавте со вашиот колега, страв дека лошо сте изгледале во некоја ситуација и др.
  • Откако ќе ја идентификувате вашата емоција и нејзината заднина, прифатете ја како дел од вашиот емоционален раст и развој. Дали сметате дека другите ве доживуваат како избувлива, егоцентрична, нечувствителна личност…?
  • Именуваната емоција и тоа што ја предизвикало споделете ја со некоја личност. Признавањето на емоцијата која ја носите во вас, може да вклучува и извинување, објаснување, давање комплимент и слично, на луѓето кои сметате дека се некако засегнати од истата.

.
Како емоционалната интелигенција може да ја подобри тимската работа?

Доколку сте способни да ги идентификувате и контролирате вашите емоции со помош на практично вежбање, тогаш ќе бидете подготвени и да ги искористите тие вештини во вашиот тим, кога има некаков проблем или кога е неопходна промена во работењето. Оние луѓе кои секојдневно работат на исти задачи со нивните колеги, мораат да изградат „мостови на толеранција“, за разумно да се справат со различните гледишта на секоја индивидуа. Емоционална интелигенција - клуч за успешен животСочувственоста не значи и согласување со нешто, туку значи дека сте обѕирни за чувствата на другите луѓе, а тоа е основно нешто за постоење ефикасност во тимската работа. Доколку со ништо не се согласувате, ќе запаѓате во ситуации во кои вие и вашиот соговорник постојано ќе носите „заштитен штит“, бранејќи го вашиот став и начин на размислување. Доколку ниту еден не попушти, муабетот ќе прерасне во неконструктивна дискусија и негативизам, кој ќе се прошири како зараза низ останатите луѓе во тимот. Еве во кој правец треба да ги насочувате вашите мисли:

  • Запрашајте се себеси во кој дел од преговорите морате да бидете попустливи, со цел вашиот тим ефикасно да работи.
  • Бидете љубопитни и сочувствени во однос на гледиштата на вашите колеги кон одредени работи. Поставувајте прашања.
  • Употребете ги претходните чекори од погоре, за да ги сфатите чувствата и однесувањето на другите луѓе. Гласно кажете што сте сфатиле дека е нивниот начин на гледање на работите. Почесто употребувајте реченици кои започнуваат со „јас“, наместо со „ти“.
  • Дадете сугестија за тоа како конфликтот кој го имате може да биде решен со помош на поголема сочувственост од страна на сите инволвирани индивидуи.

Емоционална интелигенција - клуч за успешен животПример за користење на вашата емоционална интелигенција на работното место

Претстојниот состанок за договарање на буџетот, очекувате да помине лошо, бидејќи се чувствувате непочитувано од страна на вашите колеги. Ослободете си го умот од таа контрапродуктивна претпоставка и имајте отворен пристап со вашите колеги. На состанокот бидете љубопитни и прашајте ги присутните дали имаат предлози за тоа како вие можете да придонесете кон остварување на нивните цели. Потенцирајте дека сфаќате дека сите се плашат од тоа буџетот да не биде одобрен. Потоа презентирајте им го вашиот план, притоа додавајќи на него дел од сугестиите на вашите колеги. Потоа, заблагодарете им се за соработката. Можеби не се согласувате со нивното мислење, но тие со сигурност ќе го ценат начинот на кој сте се справиле со себе во таа ситуација.

Да се има емоционална интелигенција значи да бидете способни да ги „прочитате“ и разберете чувствата на другите луѓе, како и да дознаете што е она што ги мотивира. Разбирањето на вашите и туѓите емоции е основен и неопходен чекор на патот кон реализирање на вашите амбиции и цели, во бизнис светот и во вашите лични односи со другите луѓе.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар