5 ситуации кои мажите не можат да ги поднесат за време секс

Жените понекогаш, намерно или ненамерно, прават некои работи за време на сексуалниот чин кои имаат лош ефект врз нивниот партнер. Тоа може да доведе до незадоволство, па во некои случаи и до прекин на врската.

5 ситуации кои мажите не можат да ги поднесат за време секс

Без филозофирање

Таман се загреа атмосферата под чаршафите, а вам баш тогаш ви доаѓа да се расприкажете. Во ред е да се зборува, но без филозофирање, се знае кои теми доаѓаат предвид во овие ситуации.

Кажете што сакате

Не очекувајте дека партнерот треба да ви ги прочита мислите. Ако не ви се допаѓа како ве допира, кажете му го тоа или суптилно дајте му до знаење. Работите сами од себе не се решаваат, а вашето незадоволство ќе му причинува незадоволство и нему.

Не глумете

Мажите сакаат кога нивните партнерки знаат како слободно да уживаат во сексот, изразувајќи го задоволството преку звуци и движења кои целосно го ослободуваат телото од сите стеги. Сепак, претераното стенкање и филмското однесување може да биде одбивно ако не делува природно.

Не избегнувајте орален секс

Сите мажи го сакаат, па не е фер да пропуштите да го направите вашиот партнер орално задоволен. Ако не секогаш, барем понекогаш.

Негодувањето одбива

Не дозволувајте вашиот партнер да ве моли за секс. Покажете дека и вие сте заинтересирани и понекогаш вие преземете ја иницијативата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар