4 трика за заведување што секогаш успеваат: Флертувајте со него на овој начин и тој ќе биде ваш!

Најверојатно ви изгледа дека е тешко да го заведете мажот кој ви се допаѓа, но грешите. Потребно ви е минимално познавање на машката психологија, па затоа ние сме тука да ви заштедиме време и да ве претвориме во вистинска заводничка.

1-chetiri-trika-za-zaveduvanje-koi-sekogash-uspevaat-flertuvajte-so-nego-na-ovoj-nachin-i-toj-kje-bide-vash-www.kafepauza.mk_

1. Игра со поглед и допир

Кога ќе го забележите мажот кој ви се допаѓа, упатете му еден долг поглед и кога тој ќе ви возврати, преправајте се дека гледате на другата страна. Направете го тоа уште неколку пати, но не задржувајте го погледот многу долго на него, туку само до моментот кога ќе забележите дека ви го возвраќа. За крај, уште еден долг поглед и кога тој ќе погледне во вас, насмевнете му се и дискретно со главата дајте му знак дека може да ви пријде. Потоа, започнува играта со допир. Додека разговарате, слободно повремено допрете го по раката. Гледајте го директно во очи или во усните, бидејќи тоа сугерира на самоувереност и поттикнува емотивно поврзување.

2. Правете се дека сте тешки за освојување

Мажите ги сакат игрите на моќ, натпреварите, како и девојките кои се поразлични, за кои мора да се потрудат. Тие едноставно копнеат за забранетото и за она што не можат да го имаат. Играјте си малку топло-ладно со него. Подигнете го до одредена висина, а потоа спуштете го на земја. Ставете му до знаење дека може да ве има, но само ако добро се потруди. Не сакате да помисли дека сте „една од…“, бидејќи тој треба да мисли дека сте „единствена“. Дискретно ставете му до знаење дека тој е еден од додворувачите и дека мора да се издвои од толпата. Нека се бори за вашата наклонетост и внимание. Оставете го да ужива во улогата на алфа маж и ловец, а вие глумите плен. На тој начин воопшто нема да сфати дека тој е оној што е уловен во мрежата на искусна заводничка.

3. Заземете позитивен став

Никој не сака негативни луѓе кои зборуваат без прекинување, а притоа се и песимисти. Мажите таквите жени ги нарекуваат напорни и досадни. Бидете насмеани, зборувајте за неутрални теми, слушајте го, бидете духовити. Покажете заинтересираност за она што го зборува. Не бидете напорни и наметливи, туку опуштени, забавни. Понекогаш насмејте се гласно, бидејќи мажите го сакаат тоа. Тој ќе забележи дека ви пријае времето кое го поминувате со него и ќе биде среќен, бидејќи вие се смеете на неговите шеги. Зборувајте за вашите амбиции и активности, бидејќи тоа ќе му покаже дека сте жена со планови и обврски, но внимавајте да не изгледате недостапно. Ставете му до знаење дека постои место и за вистинскиот маж во вашиот живот.

4. Голи раменици, црвен фустан, високи потпетици

Ако мислите дека црната боја е онаа по која мажите „одлепуваат“, се лажете. Црвената повеќе им го привлекува вниманието. Добриот црвен фустан ќе заврши половина работа наместо вас. Мажите оваа боја ја сметаат за најсексапилна, а секако се истакнува од толпата на малите, црни фустани кои поголемиот дел од жените ги носат. Исто така, на заинтересираниот маж ќе му покажете дека се разликувате од останатите, а тие го сакаат тоа. Можеби ќе ви биде чудно зошто инсистираме на голи раменици, а не на деколте, но тоа е така бидејќи голото рамо ќе ја разбуди фантазијата на мажот за она што се наоѓа под него.

Будете ја неговата фантазија полека, а кога еднаш ќе ја разбудите, вашата работа е завршена, а тој е заведен. Со обувките ставете ја јагодата на шлагот и запечатете му ја судбината. Убавите обувки со висока потпетица кои ги истакнуваат вашите нозе и ги прават подолги, ќе направат и вашето држење да изгледа подобро. Ќе ви дадат грациозно одење и убаво нагласување на задникот и грбот. Одличен ефект ќе оставите кога ќе тргнете во тоалетот и ќе го погледнете преку рамо. Нема да може да ви одолее.

3-chetiri-trika-za-zaveduvanje-koi-sekogash-uspevaat-flertuvajte-so-nego-na-ovoj-nachin-i-toj-kje-bide-vash-www.kafepauza.mk_

Заведувањето воопшто не е комплицирано. Тоа е само уште една игра на мачка и глушец, само што овој пат предаторот сте вие. Уште еден брз совет за крај, запаметете дека тој секогаш мора да мисли дека е освојувач, а вие територија, иако реалноста е потполно поразлична и вие сте онаа која го контролира текот на битката.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар