Трик со кој совршено ќе го нанесете лакот за нокти буквално секој пат

Лакирањето на ноктите за некои девојки е многу едноставно и тоа го прават како професионалните маникери. Но, ако сте од оние кои со лакот ги опфаќаат и деловите околу ноктот и потоа губите време за да го отстраните вишокот, овој трик многу ќе ви помогне, а сѐ што ви треба е само вазелин.

trik-so-koj-sovrsheno-kje-go-nanesete-lakot-za-nokti-bukvalno-sekoj-pat-kafepauza.mk

За да ја избегнете неуредноста при нанесувањето на лакот за нокти, послужете се со производите кои веројатно ги чувате во орманот во вашата бања – вазелин или мелем и обично стапче за уво.

Постапка:
  1. Намачкајте го стапчето за уво со вазелин.
  2. Премачкајте го со него подрачјето околу ноктите (притоа внимавајте да не преминете на самиот нокт).
  3. Нанесете лак за нокти на вообичаениот начин.

Практично и без неред, нели?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар