Како би реагирале хороскопските знаци кога би биле соочени со смрт?

Како би реагирале хороскопските знаци кога би биле соочени со смрт?

Најпрво да расчистиме – ова е хумористичен хороскоп и не треба да се сфаќа сериозно. Но, зошто да пропуштиме да ги искористиме карактеристиките кои ги одликуваат хороскопските знаци врз основа на кои можеме да направиме смешна прогноза за тоа како тие би се однесувале и чувствувале кога би се нашле во состојба на клиничка смрт? Одиме со ред.

kako-bi-reagirale-horoskopskite-znaci-koga-bi-bile-soocheni-so-smrt-kafepauza.mk

Овен: „Сакам да разговарам со Господ“

Типичниот припадник на овој знак многу би се изненадил доколку се соочи со ситуација во која можеби е мртов. Би следувало викање: „Кој е овде одговорен?“, „Сакам да разговарам со Господ, имам такво право!“, „Дали сум навистина мртов?“, „Не е можно ова да ми се случува мене!“ Откако ќе се смири, Овенот добро би ја разгледал новата околина и би заклучил дека светлината во тунелот одлично би изгледала во неговиот дом.

Никој нема да се врати назад побрзо од Бикот

Напуштајќи го своето тело, припадниците на овој знак брзо би почувствувале одвојување од сѐ што е физичко и материјално. Во моментот кога ќе сфатат дека се одвојуваат од својот желудник, инстантно добиваат силна волја да се повратат во свесна состојба. А кога не би го виделе тунелот, светлината, ангелите, Господ… до крајот на животот би останале скептични и не би им верувале на другите кои кажуваат дека тоа го доживеале.

Близнаците едвај чекаат сѐ да раскажат

Клучно за припадниците на овој знак не е искуството што биле толку блиску до смртта, туку фактот дека токму тие тоа го преживеале и поради тоа имаат оригинална приказна за раскажување во разни ситуации. Дури и ако преживеат вакво искуство, тие не би чувствувале страв, туку би се сеќавале на секој детаљ за приказната да биде што подобра. Би ги освестил фактот дека го немаат мобилниот со себе и брзо би се вратиле, а устата би им се помрднала побрзо од кој било друг дел од телото.

На Ракот животот му е повозбудлив од смртта

Припадниците на овој знак можат да го доживеат и 125-тиот роденден со многу мала шанса да искусат клиничката смрт. Но, тие би биле во голем шок и доколку случајно направат нешто сосема спонтано што би им ја наполнило животната батерија. Тоа би ги исплашило повеќе одошто пет пати да доживеат клиничка смрт.

Лав: „Не сум мртоооов!“

Првото нешто што ќе го почувствуваат припадниците на овој знак при искусување клиничка смрт е апсолутен шок и паника. „Не сум мртов, не сум мртов…“ – би извикувал Лавот само за што побргу да добие помош. Потоа би следувале: „Кои се оние луѓе во бело?“, „Каква е таа музика во позадина? Баш е без врска, дајте јас да бидам диџеј.“ „Ако останам овде, очигледно треба многу работи да доведам во ред.“.

На Девицата ѝ доаѓа помислата дека сите можат да се снајдат и без неа

По 60 часа постојана работа без храна и само на кафе, припадниците на овој знак колабираат и паѓаат во длабока кома. Девицата потоа станува и со интерес разгледува сѐ околу себе, особено совршено чистиот и осветлен простор. Сепак, таман кога ќе помисли дека би можела да остане, Девицата се присетува на своите блиски и на тоа дека тие се снаоѓаат без неа, и одлучува тоа да не го толерира, па брзо се враќа во своето тело и продолжува понатаму со истото темпо.

Вагата е воодушевена од трансцендентното искуство

Да лебди над своето тело, па потоа да се врати назад во него, и повторно да излезе и повторно да се врати – за припадниците на овој знак тоа е возбудливо чувство кое го надополнува глетката во тунелот и светлото во него. Уште повеќе, таа најнакрај успеа да потврди дека постои живот после смртта. „Уау, дали е она Исус? Или мојот покоен братучед? Ангелите се облекуваат супер!“ Сепак, никако не можат да одлучат дали да одат до крајот на тунелот или не, па кога на вишата сила ќе ѝ здодее ќе ја врати Вагата назад.

Мистичното искуство е како создадено за Скорпијата

Повеќето припадници на овој знак имаат девет животи, а во текот на животот сигурно посветуваат некое време размислувајќи за поттикнување на искуството блиску до смртта за да го доживеат тоа возбудување. Штом се најдат во тунелот, мораат да застануваат на секои 5 метри за да се поздрават со секој со кого „нешто мателе“ или сакале да го направат тоа. Откако ќе скенираат сѐ што нуди другата страна, ќе бараат паранормални ефекти кои ќе биде проследени со нивното враќање во состојба на свест.

Стрелец: „Не сакам назад, тука е супер!“

Припадниците на овој знак најпрво ќе се смеат сами на себе како изгледаат додека се гледаат од птичја перспектива. Потоа, штом откријат дека можат да лебдат и дека ги опкружува светлосен ефект, како и останатите феномени кои никогаш претходно не ги доживеале, ќе бидат премногу воодушевени за да би се вратиле назад. Освен тоа, со текот на целото свое постоење биле соочени со глупави ризици по нивниот живот, како разни несреќи и предизвици, па сметаат дека ова е вистинска поетска правда.

Смртта за Јарецот е професионална шанса

На припадниците на овој знак им треба долго време да сфатат дека воопшто умреле, бидејќи тунелот во кој ќе стигнат ги потсетува на работни простории каде што често се наоѓаат, а овде веднаш добиваат и своја канцеларија во која им доаѓа господин опремен со прирачник „Како да профитирате од астрални искуства?“ Малку ќе паничат и ќе се мислат која од нивните хипохондрични болести ги довела до смрт, но тие ќе ја прифатат тешката работа и ќе го чекаат своето враќање назад за да можат на сите да им докажат дека се неуништливи.

На Водолијата ѝ досадува и од Бог и од Ѓаволот

Припадниците на овој знак ќе дојдат до вратата на рајот обложена со злато и други скапоцености, ќе сфатат дека внатре не владее демократија и ќе се побунат против неправедното општествено уредување. Повеќе ќе им се допаѓа анархијата која владее во чистилиштето и во пеколот, па ќе се потрудат со бунт да стигнат до таму. Откако и тоа ќе го постигнат, ќе им здосади и Ѓаволот кој ќе го врати назад меѓу смртниците.

Риби: „Смрт? Па јас умирам по неколку пати на ден!“

Од некоја чудна причина припадниците на овој знак едвај го забележуваат искуството во кое се блиску до клиничка смрт. Наместо тоа, во текот на нивниот типичен работен ден, многу Риби можат да посведочат како околу себе гледаат чудни суштества кои со тажен израз на лицето ги известуваат дека е време да се вратат во своето тело и конечно ја прифаќаат својата работа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар