15 навики кои ќе ви го променат животот на подобро

Некогаш ни е потребно навистина малку труд и време за значајни промени, но неверојатно е колку тоа малку ни недостига. Ова се 15 неверојатни навики кои загарантирано ќе ви помогнат да живеете поздрав начин на живот.

15 навики кои ќе ви го променат животот на подобро

1. Јадете домашно зготвена храна

Наместо да одите во ресторан, одлучете да ја посетите вашата баба или мајка. Јадењето по ресторани е еден од најнездравите начини на исхрана. Секогаш кога сте во можност, јадете домашно зготвена храна.

2. Денот започнете го со вкусно смуди

Создадете навика денот да го започнувате со здрав и свеж напиток. Може да си создадете и ваш рецепт, само одберете ја вашата омилена комбинација на овоше или зеленчук.

3. Секогаш со себе носете вода

Водата му помага на телото да се ослободи од токсините и спречува дехидрација. Навикнете се каде и да одите, секогаш да си понесете шише вода.

4. Не прескокнувајте оброци

15 навики кои ќе ви го променат животот на подобро

5. Трудете се да бидете што е можно поактивни

Без оглед на околностите, трудете се да бидете што поактивни. Пешачете наместо да одите со автомобил, одвојте макар пола саат за џогирање, кревање тегови, правење склекови, стомачни и сл. Доколку немате мотивација, најдете пријател кој ќе ве поттикне да вежбате заедно и да не ги прескокнувате вежбите.

6. На работа, факултет или училиште понесете овошје

Грицките за време на паузите заменете ги со вашето омилено овошје.

7. Планирајте го времето

Планирањето на дневните активности, не само што ви помага да бидете попродуктивни и организирани, туку придонесува за поздрав начин на живот и помалку стрес.

8. Најпрво завршувајте ги големите обврски

15 навики кои ќе ви го променат животот на подобро

9. Имајте време резервирано за опуштање

Изберете дел од денот кој ќе биде само ваш и одберете што сакате да правите. Не враќајте на повици, оддалечете се од социјалните мрежи, оставете ги грижите на работа.

10. Грижете се за личната хигиена

Хигиената е секогаш на прво место на листата на секој здрав човек. Помисливте да си легнете без да ја избришете шминката или без да ги измиете забите? Размислете, потребни ви се само неколку минути.

11. Станувајте 10 минути порано наутро

15 навики кои ќе ви го променат животот на подобро

12. Најдете начин да ја јадете храната побавно

Брзото голтање на храната не се препорачува и е навистина лоша навика. Најдете начин да јадете побавно. Можеби кинеските стапчиња за храна би ви помогнале во тоа.

13. Секогаш кога сте во можност, збогатете ја храната со витамини

Доколку правите омлет, фрлете и малку спанаќ, или додајте во ручекот шака јаткасти плодови. Ставете помалку сол од вообичаено, а сончогледовото масло заменете го со маслиново. Само неколку мали измени во исхраната, прават многу.

14. Издвојувајте време за читање

Издвојте малку време и прочитајте нешто позитивно, нешто што ќе ве мотивира, расположи и опушти.

15. Редовно одржувајте контакт со пријателите и роднините

15 навики кои ќе ви го променат животот на подобро

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар