Напиток од цвекло за појаки мускули и подобар имунитет

Цвеклото е природен лек за слабокрвност, овозможува детоксикација на организмот и го подобрува целокупниот имунитет. Тоа е популарно и помеѓу спортистите бидејќи ја зголемува издржливоста при вежбањето.

Ова својство цвеклото го има благодарение на нитратите. Експертите велат дека со редовно конзумирање на напиток од цвекло, нивото на нитратите двојно се зголемува, што позитивно влијае на издржливоста на мускулите, а крвниот притисок пак, значајно се намалува.

Напиток од цвекло за појаки мускули и подобар имунитет

Потребни состојки:

  • 1 кг цвекло
  • 1 голема лажица мед
  • 1 лимон

Цвеклото ситно изрендајте го, додадете го медот и исцедете го сокот од лимонот во смесата. Лимонот помага да се неутрализира вкусот на земја што може да го дава цвеклото. Оставете ја смесата да отстои 3 часа, а потоа поминете ја низ сито, притоа силно гмечејќи одозгора. На овој начин ќе добиете бистра течност со интензивна црвена боја. Свежиот сок пијте го наутро.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар