10 гурмански сендвичи за мажишта

Прочитајте ги овие десет гурмански рецпети за сендвичи кои лесно можат да ве најадат со оглед на тоа колку се богати со хранливи материи и различни вкусови.

Сендвич со смокви и пршута

Помеѓу две парчиња чијабата леб ставете тенко исечени парчиња пршута, едно парче моцарела сирење или некое друго сирење кое лесно се топи, сечкани смокви (може и суви) и рукола. На крај сендвичот ставете го во тостер за да се стопи сирењето и да стане крцкав.10 гурмански сендвичи

Сендвич со колбас и пиперки

Купете колбас кој содржи што е можно повеќе месо и испржете го во малку маслиново масло. Потоа во истото масло пропжрете исечкани црвени, жолти и зелени пиперки со малку кромид. На крајот сето тоа ставете го помеѓу две парчиња мек леб и ќе добиете превкусен шарен сендвич.10 гурмански сендвичи

Отворен сендвич со бадеми

Во блендер направете пире од бадеми, сок од лимон, малку кора од лимон, маслиново масло и жалфија. Намачкајте ја смесата на парче леб, а врз неа ставете парче сирење. Потоа сето тоа ставете го на скара за да се растопи сирењето.10 гурмански сендвичи

Крцкав господин

Овој прилично едноставен традиционален француски оброк се подготвува така што помеѓу две парчиња леб се ставаат тенки парчиња шунка, сирење Ементал или Гриер и сенф. Пред да се послужи се става во тостер за да добие румена боја и да се растопи сирењето.10 гурмански сендвичи

Лионски сендвич

Врз парче потпечен леб ставете ендивија или некое друго зелјесто растение со горчлив вкус, а врз нив парче сланина и едно јајце на око. На крај попрскајте со малсиново масло и зачин по желба.10 гурмански сендвичи

Отворен сендвич со јаткасти плодови

Одберете комбинација од овошје и јаткасти плодови која ја обожавате и намачкајте ја врз парче крцкав леб. Можете да бирате меѓу бројни комбинации, како на пример банана, мед и бадеми или кајсии и ф‘стаци. Направете пире од овошјето, намачкајте го врз лебот и попрскајте со јаткастите плодови.10 гурмански сендвичи

Сендвич со пилешко и црвена пиперка

Направете пире од печена црвена пиперка, маслиново масло, вински оцет и сол, а потоа намачкајте го на чијабата. Потоа додајте парче печено пилешко, рукола и други зачини по желба.10 гурмански сендвичи

Сендвич со свинско и кромид

Кромидот оставете го да се динста во маслиново масло и малку вински оцет. За тоа време исечете тенки парчиња свинско и наредете ги врз едно парче леб. Потоа врз нив додадете го кромидот и поклопете со уште едно парче леб.10 гурмански сендвичи

Сендвичот на Елвис Пресли

Ова неверојатно гурманско искуство стана популарно благодарение на тоа што Елвис Пресли постојано сакал да ужива во него. Помеѓу две парчиња премачкани со путер од кикиритки тој ставал банани и сланина сè додека можел да држи во раце.10 гурмански сендвичи

Багет Бистро

Во багетот ставете парче бифтек, а врз него кромид динстан во маслиново масло, домати, поточарка и сенф.10 гурмански сендвичи


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар