10 едноставни трикови кои ќе ве претворат во модна ѕвезда

Сите ние имаме некои свои мали тајни кои ни помагаат да го подобриме нашиот стил во одредени моменти. Најчесто станува збор за модните правила кои ги знаат сите: малку е повеќе, црната и белата боја за ултимативна женствена комбинација, малиот црн фустан е задолжително парче во гардероберот на секоја жена, како и класичните црни потпетици.

1-10-modni-trikovi-koi-kje-ve-pretvorat-vo-modna-dzvezda-www.kafepauza.mk_

Но, новите трендови постојано создаваат и нови предизвици кои налагаат да се спојува неспојливото и денес е тешко да се истакнете со помош на старите трикови. Трендсетерките и познатите модни девојки секојдневно смислуваат нови начини за привлекување на вниманието. Токму затоа, денес ви откриваме неколку едноставни стилски трикови кои воопшто не е тешко да ги примените врз создавањето нови есенски модни комбинации.

1. Кожна чанта со впечатлива боја

Црните, сивите и крем чанти се популарни заради својата можност за прилагодување, но доколку ги имате веќе неколку, тогаш можете да си дозволите и некоја во повпечатлива боја. Навистина, таа нема да се совпаѓа со поголемиот дел од вашата гардероба, но од друга страна ќе ги надополни сите неутрални модни комбинации и ќе го направи вашиот стил занимлив.

2-10-modni-trikovi-koi-kje-ve-pretvorat-vo-modna-dzvezda-www.kafepauza.mk_

2. Голема, широка ролка

Секоја улична стилска ѕвезда има барем една ролка во својот гардеробер, а во неа секогаш изгледаат женствено благодарение на проверениот стилски трик. Всушност, најпопуларно е косата да ја ставите во јаката на ролката што е воедно одлично решение за оние денови кога фризурата ви е во лоша состојба, а тој едноставен чекор ќе ви даде модерен изглед. Широките, големи модели моментално се омилени помеѓу модните девојките кои најчесто ги комбинираат со тесни фармерки, но и со широки пресирани здолништа.

3-10-modni-trikovi-koi-kje-ve-pretvorat-vo-modna-dzvezda-www.kafepauza.mk_

3. Занимлива црна боја

Ако сакате црно, тоа не значи дека вашиот стил мора да биде досаден и едноличен. Купете неколку впечатливи црни парчиња облека со занимлива текстура, како што е лажно крзно, винила или вештачка крокодилска кожа, односно дајте им нова димензија на вашите црни модни комбинации.

4-10-modni-trikovi-koi-kje-ve-pretvorat-vo-modna-dzvezda-www.kafepauza.mk_

4. Марама

Марамите во претходните неколку сезони станаа популарен моден додаток кој може да се носи на разни начини. А, еден начин со кој никогаш нема да погрешите е да ја заврзете околу вратот и да ја носите наместо ланче. Модерно е да ја носите и околу струкот како каиш, што за момент на вашите стари фармерки ќе им даде целосно нов изглед.

5-10-modni-trikovi-koi-kje-ve-pretvorat-vo-modna-dzvezda-www.kafepauza.mk_

5. Завиткани ракави на сакото

Сакото, само по себе, е едно од оние парчиња облека кои за момент даваат елегантен изглед, но доколку ги завиткате ракавите и ја покажете кошулата која ја носите под него, ќе изгледате помалку стегнато и помодерно. Особено доколку ткаенината на сакото и кошулата меѓусебно совршено се надополнуваат.

6-10-modni-trikovi-koi-kje-ve-pretvorat-vo-modna-dzvezda-www.kafepauza.mk_

6. Колоритна сложувалка

Можеби во минатото било невкусно истовремено да носите црвена и розова, но денес токму тоа е комбинацијата на бои која ги одвојува „обичните смртници“ од модните ѕвезди. Изберете ги тие или кои било други две бои од истиот спектар и покажете го вашиот елегантен стил.

7. Блуза под фустанот

Ова е трик кој мора да го знаете доколку ви е тешко да се откажете од вашите омилени летни фустани, бидејќи тоа и не е потребно да го направите. Сега е модерно под фустанот на рамки да облечете најобична бела блуза или во студените денови црна ролка, а овој тренд од деведесеттите е наједноставниот начин да се чувствувате и да изгледате како вистинска модна ѕвезда.

8-10-modni-trikovi-koi-kje-ve-pretvorat-vo-modna-dzvezda-www.kafepauza.mk_

8. Кожни панталони

Наместо црни хулахопки изберете тесни кожни панталони или хеланки и комбинирајте ги со здолништа и фустани во текот на студените денови. Здолништето и хулахопките изгледаат стегнато и формално, а со кожните панталони ќе добиете опуштен и модерен изглед.

9-10-modni-trikovi-koi-kje-ve-pretvorat-vo-modna-dzvezda-www.kafepauza.mk_

9. Голема бела кошула

Овој трик не е нов, но во текот на претходните години стана повторно популарен. Многу мажи ќе се согласат дека жените во големи бели кошули изгледаат изненадувачко секси. Секако, потребно е да знаете и да ја носите, а најдобро ќе изгледа доколку „спонтано“ ја вовлечете во панталоните или во тесното здолниште. Дури не е потребно да купувате нова, бидејќи слободно можете да ја позајмите од вашиот татко или момчето.

10-10-modni-trikovi-koi-kje-ve-pretvorat-vo-modna-dzvezda-www.kafepauza.mk_

10. Два капута одеднаш

Два слоја се подобри од еден и не само за лакирање на ноктите, туку и при сложување на модните комбинации. Во текот на студените денови облечете тексас или кожна јакна под капутот, а освен што ќе изгледате модерно, ќе ви биде и многу топло.

11-10-modni-trikovi-koi-kje-ve-pretvorat-vo-modna-dzvezda-www.kafepauza.mk_

Оваа есен е идеално време да поработите на вашиот стил, а со помош на овие начини ќе го „зачините“ вашиот есенски стил.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар