10 начини да го „зачините“ вашиот есенски стил во текот на октомври

Иако есента се карактеризира како студено и дождливо време, тоа никако не е причина за да не изгледате стилизирано и модерно додека шетате по улиците или додека одите на работа. За да бидете привлечни и модерни познато ви е дека едноставно морате да заборавите на удобната облека и обувки, да престанете да размислувате за тоа дека ви е важно само да не ви биде студено или претопло и да се облекувате соодветно со временските прилики. Модата бара жртва и труд, па така есенската гардероба мора да се прилагодува на новите трендови и да се „зачинува“ на нови и уникатни начини. Па, еве неколку инспиративни идеи со кои ќе можете да го освежите вашиот стил уште сега.

1-10-nachini-za-da-go-zachinite-vashiot-esenski-stil-vo-tekot-na-oktomvri-www.kafepauza.mk_

1. Бели панталони со висок струк

Белите панталони во комбинација со шарена ролка ќе направат да изгледате шик во текот на октомври и ќе ја „скршат“ есенската монотонија и правилото дека во текот на есента треба да се носи облека во потемни бои. Секако, избегнете ги белите панталони доколку во текот на тој ден се очекуваат врнежи дожд, а причината за тоа не треба воопшто да ја објаснуваме. За да ја подигнете целата комбинација на повисоко ниво, „зачинете“ ја со очила за сонце со рамки во впечатливи бои.

2-10-nachini-za-da-go-zachinite-vashiot-esenski-stil-vo-tekot-na-oktomvri-www.kafepauza.mk_

2. Аксесоари во боја

Доколку сакате ненападна облека и неутрални бои, тогаш вашиот стил ќе „оживее“ ако се одлучите за чанта во некоја впечатлива боја или чизми со змиски дезен. Дури и во заедничка комбинација делуваат доста добро и инспиративно.

3-10-nachini-za-da-go-zachinite-vashiot-esenski-stil-vo-tekot-na-oktomvri-www.kafepauza.mk_

3. Облека со принт

Облеката не влијае само на самодовербата, туку и на расположението. Затоа во текот на овој октомври изберете облека со цветен дезен и со необичен принт и сето тоа облечете го заедно. Иако можеби се сомневате како ќе изгледа сето тоа, кога ќе ја погледнете фотографијата ќе видите дека таквиот стил можеби е необичен, но секако шик и пријатен за око.

3-10-nachini-za-da-go-zachinite-vashiot-esenski-stil-vo-tekot-na-oktomvri-www.kafepauza.mk_

4. Монохроматски стил

Од глава до пети во една боја воопшто не е лошо решение, а ние ви предлагаме вашиот избор да биде сината боја.

4-10-nachini-za-da-go-zachinite-vashiot-esenski-stil-vo-tekot-na-oktomvri-www.kafepauza.mk_

5. Чизми во некоја впечатлива боја

За да изгледате како од модна писта, наш предлог е да го комбинирате здолништето или фустанот во пристојни бои со чизми во некоја впечатлива боја, како што е на пример виолетовата, црвената или жолтата.

5-10-nachini-za-da-go-zachinite-vashiot-esenski-stil-vo-tekot-na-oktomvri-www.kafepauza.mk_

На следната страница погледнете уште неколку впечатливи, модерни и практични есенски модни комбинации.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар