Жешките точки и датуми на фотографирање во 2011

Автор: Весна Јовановска

Кое е најпопуларното време за фотографирање во годината? Ве интересира ли колку фотографии се прават на конкретни локации во светот, во конкретни денови? Кое се тие магични сцени што многумина сакаат да ги уловат? Што и кога сакаме да овековечиме?

Компанијата Tiposo.com изработила видео мапа, на која преку светлина е прикажан бројот на фотографии направени на поважните датуми во светот. Замислете, во Париз, Франција се направени повеќе фотографии за еден ден, отколку во Африка за цела година. Погледнете го сето тоа преку следното одлично спакувано видео, а потоа прочитајте ги деталите за некои од овие битни датуми и локации:

6 и 7 јануари: Православен Божиќ

На 7 јануари, во сите православни држави се празнува Божиќ. Како во нашата земја, така и во Бугарија, Србија, Русија…Токму затоа, на крајот од првата недела во 2011 година, мапата најсилно свети во овие земји. Русија е над сите нив, со најголем број направени фотографии. Но, имајте на ум дека тогаш огромен број фотографии се регистрирани и во Јужна и Централна Америка. Тие не се православни христијани, но тогаш кај нив во тек се летните одмори, што до некаде го оправдува зголеменото темпо на фотографирање.Жешките точки и датуми на фотографирање во 2011

26 јануари: Денот на Австралија

Интересна е сликата и на 26-ти во првиот месец од годината. Тогаш е Денот на Австралија, кога временските услови се повеќе од погодни, па фотографирањето станува неизбежно. На овој датум, исто така е и национален празник во Индија. Таму фотографирањето е особено видливо во Њу Делхи и во Мумбаи.Жешките точки и датуми на фотографирање во 2011

Последната недела од јануари и почетокот на февруари

Тогаш е пролетниот фестивал во Кина. Во овој период од годината, таму на големо се фотографира.Жешките точки и датуми на фотографирање во 2011

25 февруари

Државата Филипини е во најјако светло на 25 февруари. Тогаш Филипинците ја слават моќта на луѓето, се сеќаваат на Денот на револуцијата, кога повторно им се враќа демократијата во земјата. Тоа се случило на овој датум, во 1986 година.Жешките точки и датуми на фотографирање во 2011

21 март: Nowrūz (Нов ден) во Иран

Иран и курдите од Блискиот Исток ја прославуваат новата година, по иранскиот календар. Таа кај нив доаѓа на почетокот на пролетта. Се нарекува Nowrūz и значи нов ден. Новруз, исто така се нарекува и персиска Нова година. Таа се прославува и во централно-азиските земји, како Узбекистан и Пакистан. Така што и таму фотографирањето добива на интензитет.Жешките точки и датуми на фотографирање во 2011

Почетокот на април

Велигден во Шпанија и Мексико. Таму особено се фотографира во првите недели од април. Но, оваа слика се менува, бидејќи Велигден не се празнува на истиот ден, секоја наредна година. Во овој период сè уште свети и Иран. Таму течат училишните распусти, кои започнуваат веднаш по новата година, па затоа не е некое изненадување обемот на фотографирање во земјата, во овој период.Жешките точки и датуми на фотографирање во 2011

1 мај: Ден на трудот

Тогаш заигруваат фотоапаратите во Европа и Кина. Првомајската парада се фотографира на големо. А, малку светлина може да се забележи и во Северна Кореја. Силно сјае и во Јапонија, но таму причината е сосема поинаква, односно Јапонците прославуваат три државни празници во една недела. Екстремно се фотографираат на 29 април, на 3 и на 4 мај.Жешките точки и датуми на фотографирање во 2011

9 мај

Тогаш е одбележан крајот на Втората светска војна. Победата над фашизмот во Русија се празнува на Црвениот плоштад и тогаш најсилно свети видеомапата.Жешките точки и датуми на фотографирање во 2011

19 мај

Прославата на Денот на младите во Турција е јасно видлива на мапата. Тогаш насекаде во светот се празнува овој ден, но во Турција имаат екстра причина за фотографирање. На овој ден, во 1919 година, во Самсун слетал таткото на Турција, Кемал Ататурк. Неговото пристигнување се смета за почеток на турската војна за независност.Жешките точки и датуми на фотографирање во 2011

12 јуни

Тогаш е национален празник на Русија, кој се празнува од 1992 година. Празнувањето е проследено со големи огномети во Москва, Санкт Петербург и во околните места. Огнометите се цел на бројни фото-објективи.Жешките точки и датуми на фотографирање во 2011

1 јули

На 1 јули светат канадските градови во текот на Денот на Канада. Ова е малку тешко за докажување, бидејќи градовите во оваа земја се блиску до САД, но ако убаво ги лоцирате Торонто и Монтреал на светската мапа, ќе видите дека во тој период забавата е навистина таму и дека тоа го докажуваат голем број направени фотографии.Жешките точки и датуми на фотографирање во 2011

4 јули

Денот на независноста на САД. Таму мапата на фотографирање покажува засилена активност. Но, ефектот не е толку голем како на 1 мај во Русија и во Кина, бидејќи во САД се прават многу фотографии преку цела година, па не може да се види некоја поголема разлика. Европа сјае и на овој ден, а така и останува цели два месеца потоа. Европјаните имаат навистина големи летни одмори и незаборавни журки, вредни за фотографирање.Жешките точки и датуми на фотографирање во 2011

9 јули

Во Европа и во САД фотоапаратите никако да сопрат, се прават премногу фотографии за време на летните одмори. Но, среде аргентинската зима, националниот празник на земјата е исто така, јасно видлив на мапата. На овој ден и Аргентина бележи многу направени фотографии.Жешките точки и датуми на фотографирање во 2011

13-15 август

За време на фестивалот „Обон“ во Јапонија, земјата светнува како новогодишна елка. Се организираат големи карневали, игри, летен фестивал на храна… „Обон“ е наречен уште и фестивал на мртвите. Според верувањата, тогаш душите на мртвите се враќаат на земјата за да ги посетат нивните блиски. Многу Будисти во Јапонија го празнуваат приготвувајќи специјална храна за духовите од нивните предци, која ја поставуваат во светите храмови или во домовите. Кога заоѓа Сонцето, семејствата палат хартиени фенери и ги закачуваат пред куќите, за да можат мртвите лесно да го најдат патот до дома. Празнувањата завршуваат со пуштање разнобојни фенери, во реките и во морињата. Веруваат дека така им го осветлуваат патот назад во царството на мртвите.Жешките точки и датуми на фотографирање во 2011

7 септември

Денот на независност во Бразил. Забавата и фотографирањето можат да се видат дури од Месечината.Жешките точки и датуми на фотографирање во 2011

18 септември

Чиле два дена одмара по повод националниот празник на државата. Фотографирањето е неизбежно и особено видливо.Жешките точки и датуми на фотографирање во 2011

Октомвриски празници во Кина

Најмногу направени фотографии има во првата недела од овој месец. Започнува на 1-ви октомври со националниот празник на Кина. Владата организира прослави со огномети и концерти. Тогаш се означува и стартот на еден од двата еднонеделни официјални празници познати како „Златни недели“.Жешките точки и датуми на фотографирање во 2011

1 ноември

Католичките земји како Мексико, Португалија, Шпанија, прават многу фотографии за време на празнувањето на „Сите светители“.Жешките точки и датуми на фотографирање во 2011

30 ноември

На овој датум се направени премногу фотографии, повеќе од кој било друг ден, освен од денот кога се дочекува новата година. Нема некој позначаен празник што тогаш го одбележуваат земјите во светот, па затоа е малку чудно, толку многу да се фотографира.Жешките точки и датуми на фотографирање во 2011

1 јануари

Најголемиот број фотографии несомнено се направени на Нова година! Тогаш практично цел свет празнува и се фотографира. Има и зошто :)Жешките точки и датуми на фотографирање во 2011


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар