Забранети книги

Во минатото фикцијата често гребела на решетките кои околу неа ги поставувале цензорите. Приказни кои раскажувале за лошото општествено уредување, смешната политика, високо почитуваната религија или едноставно биле полни со секс и експлицитно насилство. Факт е дека светот, неретко со стисната тупаница им се заканувал на ваквите книги и нивните слободоумни автори. Но, кога правилата ја победиле уметноста?Забранети книгиВака или така, сите овие книги го наоѓале својот пат кон читателите, или обратно. За среќа во денешново општество немаме проблем со цензура и забрана на литературни дела, но имаме проблем со цензура на реалноста. Ама тоа е веќе друга тема и многу подолга од овој и онака долг пост.

„Прекрасен нов свет“ – Алдус Хаксли

Приказната: Напишана во 1931 и објавена една година подоцна, веднаш станува мета на чести поплаки и забрани. Алдусовиот легендарен роман кој зборува за дистописка иднина, всушност е пародија на Велсовата утописка иднина опишана во неговата книга „Луѓе како Богови“. Што да се каже, на човекот му било преку глава од слепи оптимисти.Забранети книгиЗошто била забранета? Најпрво, Ирска ја повлекла од полиците поради контроверзната тема на породувањето, а потоа и неколку Американски држави ја отстраниле од студиските програми бидејќи наводно содржела „негативни теми“.

„Животинска фарма“ – Џорџ Орвел

Орвеловата невина детска приказна за фармата и животните кои живеат во неа била необјасниво забранета во 1945 година во Америка поради нејзината преголема критика кон Русија. Упс… Зарем оваа приказна е алегорија на комунизмот? Кој би знаел…Забранети книгиЖивотинската фарма беше повторно забранета во 2002 година, но овој пат од страна на образовниот систем на Обединетите Арапски Емирати. Наводно, прасе што зборува не се вклопувало баш најдобро во Исламското животинско царство.

„Раковиот напоредник“ – Хенри Милер

Приказната: Поставено во Франција во 30-тите години на претходниот век, дејството го следи животот на својот писател, Милер. Пишувана во прво лице, оваа книга го тематизира животот на американските емигранти во Европа. Меѓу другото во неа ќе читате и за секс авантурите со неговите пријатели и колеги.Забранети книгиЗошто била забранета? Веднаш по нејзиното објавување, Врховниот Суд во Пенсилванија изјавил дека Раковиот напоредник „не е книга. Тоа е ѓубриште, отворена канализација, јама на распаѓање, лигав собир на сè она што е гнило во урнатините на човечката изопаченост.“ Како што можете да претпоставите, после овој живописен опис, луѓето не биле баш загреани за она што Џорџ Орвел подоцна ќе го нарече „најважната книга на 1930тите години“.

„Сатански строфи“ – Салмон Ружди

Во Сатнските строфи, Ружди раскажува за двајца Индијски иселеници кои живеат во модерна Англија. По авионската несреќа која ќе ја преживеат, Габриел (Боливудска ѕвезда) се обидува да го изгради одново својот живот, додека животот на другиот емигрант Саладин полека пропаѓа.

Забранети книги

Протест против Ружди во Иран

Салмон Ружди е црната овца на исламот (или барем како таков тие го гледаат). Голем дел од Исламските заедници во ова дело виделе богохулење. Иран го осудува со смртна казна! Во Венецуела би лежеле во затвор 15 месеци доколку ве фатат додека ја читате оваа книга. Во Јапонија ќе добиете парична казна ако продавате копии на англиски јазик. Дури и во САД, две големи книжарници одбиле да ја продаваат бидејќи сопствениците добиле закани по нивниот живот.

„Преобразба“ – Франц Кафка

Приказната оди вака: Еден ден, трговскиот патник Грегор Самса се буди во својот кревет и открива дека во текот на претходната ноќ се претворил во бубачка. Од ова кобно утро започнува неговата отуѓеност од оние кои најмногу ги сака, но и од останатиот дел од општеството и завршува со негова целосна изолација, заклучен во својата соба и тотално заборавен од светот.Забранети книгиЗошто била забранета? Без некоја посебна причина. Всушност, сите дела на Кафка биле забранети за време на Нацистичкиот режим (Кафка бил Евреин), исто така бил забранет и во Чехословачка затоа што пишувал само на германски јазик и одбивал да го користи чешкиот.

„Американски Психо“ – Брет Истон Елис

Приказна за беспрекорен бизнисмен, раскажувана токму од него, сместена во богатиот дел на градот Њујорк во време на 1980-тите. Почнува лесно и нараторот зборува за неговите секојдневни искуства, но како што нарацијата напредува, сјајот на Њујоршкиот богат живот е заменет со една малце поматна и злокобна атмосфера.Забранети книгиЗошто била забранета? Па секој кој го гледал филмот знае зошто. Германија ја смета како штетна за малолетници во 1991 и ја ограничува нејзината продажба. До пред некое време беше забранета и во Канада, а останува забранета во Австралија. Во сите останати држави обележана е со 18+.

„Лолита“ – Владимир Набоков

Лолита ја следи приказната за опсесијата на високо интелигентниот професор и педофил Хумберт Хумберт кој го раскажува својот живот и неговата опседнатост со „нимфетите“. Се заљубува во 12-годишната Долорес и скокаат заедно од град во град обидувајќи се да ја скријат нивната вистинска врска.Забранети книгиПред да биде прогласен за еден од најдобрите романи на 20-тиот век, уредникот на Сандеј Експрес ја нарекол „најгнасната книга која некогаш сум ја прочитал“. Франција ја забранила заради нејзината „непристојност“, како и Англија, Аргентина, Нов Зеланд и Јужна Америка. Интересно е што во САД се читала без проблем.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар