За што најчесто лажат мажите?

Не мислиме на оние класични лажговци кои почнуваат да лажат веднаш штом ќе ја отворат устата, туку на оние добри момци кои често знаат да кажат по некоја мала, ситна лага со цел да ве импресионираат. Во продолжение следуваат 5-те најчести лаги кои мажите им ги кажуваат на своите девојки или сопруги.

За што најчесто лажат мажите?

1. За нивната висина

Дали некогаш сте запознале маж понизок од 175 сантиметри? Ние не. Ова е веројатно нивната ментална граница за нискост, па дури и оние кои се високи 1,65 ќе речат дека се високи некаде околу 1,75. За среќа, девојките се пристојни и ги прифаќаат овие ситни бели лаги. Всушност, по правило, сите мажи пониски од 185 сантиметри си додаваат барем 5 сантиметри на својата висина.

2. За својата финансиска состојба

Додека ви се додворуваат, нема да им биде тешко да ви испратат 30 ружи на вашата домашна адреса или на вашето работно место, но во истиот оној момент кога ќе ве освојат, грубо ќе ја одбијат тетката која продава по една ружа покрај патот бидејќи „ги покачила цените“. Мажите на почетокот се трудат да остават впечаток дека се успешни и дека одлично заработуваат (бидејќи мислат дека на жените им е важно), но тоа глумење кратко трае.

3. За бројот на девојките со кои биле претходно

Кога ќе го прашате со колку девојки бил досега, тој тајно ќе ви се насмее и ќе ви рече: „Не е важно“. После 10-минутното тегнење и влечење околу значењето на изјавата „не е важно“, тој конечно ќе попушти и ќе ви каже дека имал доста девојки, со важен израз на лицето кој говори дека само Мик Џегер имал повеќе авантури од него. Мажите мислат дека ќе ве импресионираат со нивното измислено Дон Жуан минато, иако спиеле со само 3 или помалку девојки пред вас.

4. За првиот секс

Тој имал 14, таа 16 и изгледала како Ева Мендез, а сексот бил фантастичен и траел цела ноќ… Во реалноста, тој сигурно имал 18 години или повеќе и веќе почнал да се плаши дека ќе умре како девица, а таа била пијана и сѐ заедно траело околу 5 минути. Но, кој сака да слушне ваква приказна?

5. За вашата тежина

„Не, не си здебелена“. „Да? Не забележав.“ „Кој ти рече така? Таа? Љубоморна е.“

А, тој само се обидува да се извлече од потенцијално опасна ситуација бидејќи знае дека реченицата: „Па добро, за празнициве качи некое килце“, може да предизвика тектонско нарушување околу вас.


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар