Вистинска приказна: Маж се оженил со жената која пред 10 години му го спасила животот

Дали би се венчале со некој што ве спасил од сигурна смрт? Изгледа дека хероите не се секогаш со наметка, а тоа може да ви го потврди овој маж кој сакал да си го одземе животот. Сега, една деценија подоцна, тој сфатил дека сака остатокот од животот да го помине со неговиот херој.

Кога Кевин имал 17 години страдал од ужасна депресија

(1)mazh-se-ozenil-so-zhenata-koja-pred-10-godini-mu-go-spasila-zhivotot-kafepauza.mk

Средношколецот од Чикаго се чувствувал изолирано, чудно, осамено и одделено од неговите врсници, како и од целиот свет. Со тек на време, осаменоста станала премногу за него. Блиските на Кевин знаеле дека е добар аналитичар, па кога ќе наумел нешто секогаш го правел.

Сметал дека имало само еден начин да си помогне

(2)mazh-se-ozenil-so-zhenata-koja-pred-10-godini-mu-go-spasila-zhivotot-kafepauza.mk

Тој почнал да размислува за самоубиство. По некое време не му било доволно само размислувањето и решил конечно да стави крај на неговата болка. Па, напишал писмо и отишол на местото на коешто планирал да си го одземе животот.

Но нешто се случило

(3)mazh-se-ozenil-so-zhenata-koja-pred-10-godini-mu-go-spasila-zhivotot-kafepauza.mk

Кевин добил телефонски повик само 10 секунди пред да го изврши самоубиството. Кога го погледнал бројот, пишувало дека е непознат. Тој можел и да го игнорира повикот, но си помислил дека би го поминал задгробниот живот мислејќи кој му ѕвонел.

Кога одговорил го слушнал гласот на Блејк

(4)mazh-se-ozenil-so-zhenata-koja-pred-10-godini-mu-go-spasila-zhivotot-kafepauza.mk

Кевин и Блејк се сретнале во Мичиген во летен камп и станале добри пријатели. Но, двајцата немале разговарано повеќе од една година. Па, кога во тој момент поразговарал со неа, почувствувал како некој да се грижи за него, а токму тоа му било потребно за да му помогне да се избори со депресијата.

Кевин ѝ кажал на Блејк за самоубиството, а таа му поверувала

(5)mazh-se-ozenil-so-zhenata-koja-pred-10-godini-mu-go-spasila-zhivotot-kafepauza.mk

Блејк успеала да го наговори да не го направи тоа. Оттогаш тие останале пријатели, и иако се гледале со други луѓе, сепак често разговарале по телефон.

Конечно, Кевин ја признал својата љубов

(6)mazh-se-ozenil-so-zhenata-koja-pred-10-godini-mu-go-spasila-zhivotot-kafepauza.mk

На 17-ти септември, 2016 година, околу 10 години откако Блејк му го спасила животот, тие двајца се венчале, и сега после една година нивната љубов сè уште цути.

Ако знаете некој што се мачи со чувства на безнадежност и мисли за самоубиство, преземете што било. Разговарајте со него или со неа, со нивното семејство и обидете се да помогнете. Дури и најмалиот гест може да спаси живот.

Прочитајте ги и овие вистински приказни кои ќе ви покажат дека вистинската љубов сепак постои.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар