Што да му кажете на момчето кое ви праќа измешани сигнали?

Што да му кажете на момчето кое ви праќа измешани сигнали?

Сигурно ви се случило да запознаете некое момче и да почнете да се гледате, но никогаш не сте знаеле на што сте бидејќи тој постојано ви играл топло-ладно. Во еден момент тој делува како вие да сте единствената девојка која го интересира, а веќе во следниот се повлекува и почнува да ве игнорира. Ви се јавува и зборувате без прекин цел час, а потоа неколку дена исчезнува како земјата да го проголтала. Веројатноста е дека се работи за момче кое не знае што сака или многу му е здодевно во животот и во тој случај најдобро би било да се држите што подалеку, бидејќи нема поента да си трошите трпението за некој кој не го цени вашето време. Но, ако сепак сакате да му дадете шанса, ова се неколкуте работи кои можете да му ги кажете доколку се најдете во некоја од следниве ситуации…

Што да му кажете на момчето кое ви праќа измешани сигнали?

Ви праќа пораки цела вечер, а не закажува вистински љубовен состанок

Што да му кажете: „Ќе ме викнеш да излеземе или ќе ме прашуваш ’Како си вечерва?’ до крајот на животот? ;)“

Храброста е привлечна, особено ако додадете емотиконче кое намигнува на крајот од реченицата. Оваа постапка ќе му даде до знаење дека редно време е да премине од зборови на дела, бидејќи постои голема веројатност дека нема да бидете слободни засекогаш.

Постојано ги откажува плановите

Што да му кажете: „Официјално си најнестабилната личност што ја познавам.“

Ако барем малку му се допаѓате, ќе сака да се видите повторно за да ви го промени мислењето и да се ослободи од епитетот „нестабилен“. Нареден пат кога ќе сака да се видите, предложете му да дојде во некое кафуле кое се наоѓа блиску до вашето место на живеење или работно место. И да ви откаже, нема да ви ги наруши многу плановите, бидејќи кафето ќе ви биде попатно и нема да има потреба дополнително да се подготвувате.

Што да му кажете на момчето кое ви праќа измешани сигнали?

Делува заинтересирано кога сте заедно, но никогаш не сте го запознале неговото друштво

Што да му кажете: „Секогаш пред да те поканам да излезеш со мое друштво, ми текнува дека не сум го запознала твоето. Убаво би било да ги запознам луѓето кои ти значат, но не знам, можеби постои причина зошто сѐ уште не се случило тоа.“

Дали тој случајно заборавил на тоа или не ве смета за сериозна девојка? Неговиот одговор ќе ви каже сѐ.

Постојано ви вели дека многу му се допаѓате, но никогаш не споменува врска

Што да му кажете: „И ти мене ми се допаѓаш. Но, пред навистина да се зближиме може треба да размислиме каде води сето ова. Не сакам да потрошиме толку време еден на друг ако немаме иднина, кога би можеле да бидеме само пријатели. Што мислиш ти?“

Тој ќе мора директно да ви одговори дали е заинтересиран за врска или не, бидејќи во спротивно ризикува да ве изгуби и да останете само пријатели. Не дозволувајте му да се извлече со нешто како „Времето ќе покаже, нема потреба да брзаме“ и инсистирајте на прецизен одговор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар