Уличните изведувачи во Њујорк

Автор: Драгана Петрушевска
(поднесено преку „Предложи содржина“)

Тие се вистински уметници. Со својот уникатен талент секојдневно ги забавуваат граѓаните кои живеат или се во посета на градот. Некои од нив се занимаваат со тоа за да преживеат, а има и такви кои се вработени, но сакаат да настапуваат на улиците и да го прават светот поубав.Уличните изведувачи во ЊујоркЛери Рајт е уличен изведувач кој настапува заедно со неговите три деца. Тој создава музика удирајќи на обични пластични канти, додека неговите ќерки танцуваат. Со ова се занимава од својата петта година. Просечната дневна заработка на Лери е 300 долари.Уличните изведувачи во ЊујоркРоџер е мимичар кој настапува на улиците цели две години. Вели дека заработува одлично, но многу често се среќава со луѓе кои се обидуваат да го демотивираат. „Колку и да се обидуваат, не ми пречат. За нив настапувам“.Уличните изведувачи во ЊујоркЛери Вилсон свири на гитара во центарот на Њујорк речиси секој ден. По својата дневна работа, одвојува шест до седум часа за да ги весели Њујорчани. Најдобрата дневна заработка за него е 150 долари.Уличните изведувачи во ЊујоркДоколку отидете во Њујорк, може да го побарате и Даглас облечен како Спајдермен. Негова работа е да позира на улица. Освен што заработува како актер и пејач, како Спајдермен добива и дополнителни пари. Најдобра дневна заработка му е 375 долари.Уличните изведувачи во ЊујоркДерил е човекот кој седи мирен без разлика на случувањата околу него. Тој е облечен и обоен во златна боја и претставува златна статуа.Уличните изведувачи во ЊујоркОва се само дел од уличните изведувачи во Њујорк. Сите тие се ѕвезди иако не се појавуваат на телевизија. Нивните перформанси се доживуваат само лично. Тие се едни од најубавите украси на градот.

Сакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе паузаПишете ни.

———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар