Тајните на Словенија: 9 скриени културни богатства - Part 2

Тајните на Словенија: 9 скриени културни богатства

6. Карневал каков што не можете ни да замислите

(6)tajnite-na-slovenija-9-skrieni-kulturni-bogatstva-kafepauza.mk

Прекрасното гратче Птуј е место каде што секоја година се случува еден навистина бизарен настан. Ова е карневал каде што мажите се облекуваат како чудовишта наречени „куренти“. Тие носат облека направена од кожа на овца, огромни маски од дрво, долги кожни јазици, рогови од бик, колани на кои се закачени ѕвончиња за крави и во рацете држат големи стапови. Целта на овој карневал е „курентите“, правејќи врева, да ги избркаат лошите духови и зимата и да направат место за пролетта.

7. Уметничко богатство

(7)tajnite-na-slovenija-9-skrieni-kulturni-bogatstva-kafepauza.mk

Брегот на Словенија е поранешна венецијанска колонија, и градовите Пиран и Копер се навистина интересни. Пиран е многу „фотогеничен“, додека Копер нуди повеќе активности. Пиран бил домот на Џузепе Тартини, еден од најдобрите виолинисти во минатото. Неговото дело „Вибрато на ѓаволот“, кое се смета дека е едно од најтешките за свирење, според приказната е напишано откако Џузепе го сонувал ѓаволот. Иако Словенија не била многу богата за да ги привлече најдобрите уметници од Европа, сепак постојат одлични дела од венецијанскиот мајстор Карпачо во катедралата во Копер.

8. Скапоцени томови во скриени библиотеки

(9)tajnite-na-slovenija-9-skrieni-kulturni-bogatstva-kafepauza.mk

Манастирите во Словенија кријат вистинско богатство, но речиси ни еден од нив не е отворен за јавноста. Но, ова не значи дека не можете да посетите некои од нив. Потребно е да се најавите и да разговарате со свештеник од манастирот, а ова ја прави посетата уште позабавна. Во Љубљана, Језуитската семинарија има прекрасна барокна библиотека која ја нема видено речиси никој. Друга слична библиотека се наоѓа во Камник, која има над 10.000 тома, вклучувајќи и некои од најпрвите печатени книги.

9. Генијална архитектура

(10)tajnite-na-slovenija-9-skrieni-kulturni-bogatstva-kafepauza.mk

Оние кои ја посетуваат Љубљана најмногу се фасцинирани од градбите на мистичниот архитект Јоже Плечник. Најголемиот дел од неговата уметност се наоѓа во Словенија, а во Љубљана дизајнирал десетици згради. Љубљана навистина го носи неговиот белег, и речиси секоја зграда што ќе ви го одземе здивот е негово дело. Неговата куќа, која сега е музеј, веројатно е најдоброто место за подобро да го запознаете. Потоа може да го прошетате патот на Плечник кој се наоѓа во центарот на градот.

Погледнете ги и овие невообичаени земји кои вреди да ги посетите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар