Симпатични животни си играат со мобилни уреди

Симпатични животни си играат со мобилни уреди

Автор: Петар Тодоровски

Луѓето не се единствените кои сакаат да си играат на современите гаџети, бидејќи понекогаш и домашните миленичиња уживаат во играњето. Кога тие ќе се најдат во контакт со современ мобилен уред, не знаејќи дека она што го гледаат не е дел од нивниот свет, се однесуваат многу симпатично.Симпатични животни си играат со мобилни уредиПапагалот создава музика за пијано на Ајпад, а притоа е збунет од она што го слуша.

Мајмун, кој сфатил како функционира екранот на допир, па решил да се испроба во играта „Angry Birds“…

Овој мајмун упорно се обидува да испрати СМС-порака преку Ајфонот на својот сопственик, во манир на многу луѓе кои несмасно ги користат мобилните уреди.

Оваа мачка со ноктите бесно ги напаѓа плодовите кои треба да се соберат во играта „Fruit Ninja“.

Жаба се обидува својот оброк да го улови на Ајфон.

Мало мајмунче срамежливо си игра со детски апликации на Ајпад.

Мачката Иги трпеливо го лови глушецот на Ајпадот на нејзиниот сопственик.

Куче игра „Аir Hockey“ на Ајпад.

Овие не се единствените миленичиња кои знаат како да се забавуваат со модерната технологија. Овој гуштер лови виртуелни бубачки од мобилен телефон, надевајќи се дека конечно ќе го вкуси пленот.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар