Што одредува вашиот ден на раѓање?

Порано се верувало дека денот на раѓање има големо влијание врз карактерот на човекот и неговиот животен пат. Проверете дали ќе се пронајдете во описот според вашиот ден на раѓање.

Родените во понеделник се многу емотивни

Со понеделник владее Месечината, а според народните преданија, во годината постојат само три понеделници кои се сметаат за несреќни – првиот понеделник во април, вториот понеделник во август и последниот понеделник во декември. Бидејќи Месечината е променлива, и луѓето родени на овој ден се такви, а најголемо влијание врз нив имаат емоциите. Во животот им е важно да имаат цврсти темели, како што се семејството, пријателите и партнерот од кои ја црпат својата енергија.

Што одредува вашиот ден на раѓање?

Во вторник се раѓаат борбени и темпераментни личности

Вторник го добил името според планетата Марс, кој според римските верувања е бог на војната. Затоа на луѓето родени на овој ден, Марс им носи голема сила, борбен дух и упорност да ги остваруваат своите цели. Сепак, под влијание на оваа планета, тие се немирни личности и склони кон нервоза.

Што одредува вашиот ден на раѓање?

Среда е ден кога се раѓаат интелигентни и експресивни личности

Среда го добила името по планетата Меркур, римскиот бог на трговијата, патувањата и гласник на боговите. Според тоа, луѓето родени на овој ден се обдарени со интелигенција, елоквентност и големо влијание врз другите. Сепак, имаат наследено и одреден немир и љубопитство заради кои постојано им се потребни предизвици за да можат да функционираат.

Што одредува вашиот ден на раѓање?

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар