Што одредува вашиот ден на раѓање? - Part 2

Што одредува вашиот ден на раѓање?

Четврток е ден на оптимистичните и независните луѓе

Со четврток владее Јупитер, кој во митологијата е бог на грмотевиците и дождот. Тој е симбол на експанзија, оптимизам и добар хумор, со кој се одликуваат луѓето родени во четврток. Тие имаат силно изразена потреба за слобода и независност, па ретко се задржуваат долго на едно место.

Што одредува вашиот ден на раѓање?

Во петок се раѓаат уметничките типови

Петок е ден на планетата Венера, симбол на убавината, љубовта и благосостојбата. Луѓето родени на овој ден се под влијание на Венера и затоа се сензибилни и уметнички типови. На некој начин, тие живеат во свој свет, а склони се кон идеалистички поглед на светот и романтично фантазирање. Ја сакаат и цената убавината, па се трудат да го исполнат својот живот со што повеќе убавини.

Што одредува вашиот ден на раѓање?

Сабота е ден на разумните и практичните луѓе

Сабота е ден на планетата Сатурн, кој во римската митологија е бог на земјоделството и жетвата, како и син на мајката Земја. Луѓето родени на овој ден имаат особини како практичност, рационалност и зрелост. Тие се зрели уште на млада возраст и сакаат да планираат. Тешко ги поднесуваат промените заради сомнежите во себе, но тие всушност им се многу корисни.

Што одредува вашиот ден на раѓање?

Недела е ден на среќниците

Овој ден е под влијание на Сонцето, а според древните начела, се смета за прв ден во неделата. Според народите верувања, недела е многу среќен ден за раѓање деца. Луѓето кои се родени во недела се харизматични, ведри и оптимистички. Тие се во вечна потрага по нешто различно и не се покоруваат на нормите. Сепак се стабилни, и најчесто ги следи среќа во животот.

Што одредува вашиот ден на раѓање?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар