Што нè научиле нашите мајки?

Што нè научиле нашите мајки?

Мајките влијаат на градењето на нашата личност цел живот. Некогаш ни изгледало како да биле премногу строги или лоши, но во суштина, тоа било дел од процесот на учење и подготовка за нашето впуштање во вистинскиот свет. Ова се неколку битни работи на кои нè научиле нашите мајки, дури и кога ние не сме биле свесни за тоа.

Што нè научиле нашите мајки?

1. Мајките нè учат за РЕЛИГИЈАТА.

Пример: Подобро моли му се на Бога ако остане дамка на тепихот.

2. Мајките нè учат на ЛОГИКА.

Пример: Затоа што така реков, ете зошто.

3. Мајките нè учат на УШТЕ ПОВЕЌЕ ЛОГИКА.

Пример: Ако паднеш од лулашката и си го скршиш вратот, нема одење по нова играчка.

4. Мајките нè учат на ИРОНИЈА.

Пример: Продолжи да плачеш, па тек тогаш ќе ти дадам причина.

5. Мајките нè учат за ВРЕМЕТО.

Пример: Собата ти личи како да поминало торнадо низ неа.

6. Мајките нè учат на ИСЧЕКУВАЊЕ.

Пример: Само чекај да стигнеме дома, па ќе видиш.

7. Мајките нè учат МЕДИЦИНА.

Пример: Ако не престанеш да си ги чешаш очите, ќе ти се залепат и ќе ти останат така.

8. Мајките нè учат на ХУМОР.

Пример: Пентари се по дрвото, ама кога ќе си ги испокршиш нозете не ми доаѓај плачејќи.

9. Мајките нè учат што е ПРАВДА.

Пример: Еден ден и ти ќе имаш деца, и ќе видиш како ќе ти биде кога ќе ти прават вака.

10. Мајките нè учат на МУДРОСТ.

Пример: Кога ќе дојдеш на мои години ќе сфатиш.

11. Мајките нè учат за нашите КОРЕНИ.

Пример: Затвори ја вратата. Не сме се родиле на чамец.

12. Мајките нè учат за ГЕНЕТИКАТА.

Пример: Ист си како татко ти.

13. Мајките нè учат како да станеме ВОЗРАСНИ.

Пример: Ако не изедеш сè што ти е во чинијата, нема да пораснеш.

14. Мајките нè учат како да ПРИМАМЕ НЕШТА.

Пример: Ќе си го добиеш кога ќе стигнеме дома.

15. Мајките нè учат на ИЗДРЖЛИВОСТ.

Пример: Седи таму, да не си мрднал додека не ја испразниш чинијата.

16. Мајките нè учат да бидеме ЖИЛАВИ.

Пример: Види што си направил позади на маицата!

17. Мајките нè учат дека треба ДА СЕ ЦЕНИ ДОБРО ЗАВРШЕНАТА РАБОТА.

Пример: Деца, ако сакате да се испоубиете, во ред, само одете си во соба. Тука само што раскренав.

18. Мајките нè учат за ВСЕЛЕНАТА.

Пример: Исправи се и јади. Инаку, има да те зашамарам, на Марс да те пратам.

Епа ете, мајките всушност нè научиле на многу повеќе нешта одошто сме мислеле. Фала мамо. 🙂

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар